• Latest
Фото: Министерство за одбрана

Северна Македонија е втора балканска држава која успешно обучува украински војници

November 23, 2023
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Северна Македонија е втора балканска држава која успешно обучува украински војници

November 23, 2023 13:23
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Фото: Министерство за одбрана

Фото: Министерство за одбрана

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија стана втората балканска земја по Романија која успешно ја заврши програмата за обука на првата група украински војници. Информациите за обуката до сега се чуваа во тајност од безбедносни причини.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју во Тема на денот во Дневникот на Македонската телевизија во вторникот информираше дека е реализирана обука на украински војници во Северна Македонија , со што, како што рече, се потврдува нашата заложба за континуирана поддршка кон правото на Украина да се одбрани од руската агресија.

„Се понудивме и веќе ја реализиравме првата обука, првиот тренинг на украински војници кои успешно ја завршија обуката во Република Северна Македонија во објекти, во локации кои се сопственост на Армијата на Република Северна Македонија за што беше донесена соодветна одлука на Владата на Република Северна Македонија, а која од безбедносни причини ја соопштуваме откако таа заврши“, рече министерката. Петровска додаде дека ваквиот вид на поддршка и преку тренинзи и преку обуки кои се димензионирани согласно побарувањата на украинската страна ќе продолжи и во текот на 2024 година и сè додека за тоа има потреба.

Северна Македонија се вбројува во првите пет држави од членките на Алијансата кои најмногу помош пружиле на украинската војска во отпорот и во борбата кои тие секојдневно ја имаат повеќе од една година, рече министерката, и порача дека нема да отстапиме од таквата заложба.

„Остануваме отворени доколку има потреба од донација на оружје или каков било вид на вооружување кое го поседуваме, а кое согласно прописите во нашата армија не е неопходно и може да биде дадено. Таква одлука нема двоумење дека ќе донесеме“, рече министерката.

Таа додаде дека Северна Македонија, која влезе во НАТО во 2020 година, ќе продолжи да обучува украински војници во текот на 2024 година и „се додека има потреба од тоа“.

Петровска не откри каква обука добиле војниците, ниту колку војници поминале, или ќе поминат низ овој процес.

Обуката ја прави Северна Македонија втората балканска земја, по Романија, која нуди бази на своја територија за обука на украински војници, пренесува Балкан инсајт.

Романија понуди користење на своите бази од почетокот на руската инвазија за да биде домаќин на инструктори од други земји за обука на украински борци. Во ноември оваа година, таа отвори центар за обука за украинските пилоти за да научат да летаат со борбени авиони Ф-16 обезбедени од Западот во иднина.

Во август, Грција понуди и обука на украински пилоти Ф-16, но не на своја територија. Словенија се приклучи на напорите за обука во 2022 година, но ги испрати своите инструктори на местата за обука во Германија.

Минатата година, Хрватска размислуваше за отворање на своите бази за обука на украинските копнени сили, но потегот беше блокиран од хрватскиот претседател. Зоран Милановиќ.

Од почетокот на војната во Украина, Северна Македонија испрати десет серии воена помош во Киев и се смета за еден од главните придонесувачи на опрема меѓу сојузниците на Украина, земајќи ја предвид нејзината големина и население од нешто помалку од 2 милиони.

Малата земја, која во моментов се надополнува со западна опрема, и испрати на Украина околу 30 тенкови Т 72 од советската ера, 12 јуришни хеликоптери Ми 24 од советската ера и четири копнени јуришни авиони Су 25. Сите овие се купени од Украина, уште во 2001 година.

Северна Македонија, исто така, се приклучи на декларацијата на лидерите на групата Г7+ за безбедносните обврски во однос на Украина.

М. Д.

Tags: АРМобукаСлавјанка Петровскаукраински војници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ