• Latest
Фото: МИА

Наместо тензии потребен мир и дијалог – порачаа од Скопје лидерите на НАТО сојузниците од регионот

November 23, 2023

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Наместо тензии потребен мир и дијалог – порачаа од Скопје лидерите на НАТО сојузниците од регионот

November 23, 2023 11:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Не постои директна воена закана кон некоја од земјите во регионот, но постојат причини за загриженост за состојбите. Западниот Балкан е стратешки важен за НАТО, а Северна Македонија е ценет партнер и фактор на стабилност во регионот. Нашата задача е да продолжиме да работиме посветено до целосно интегрирање во ЕУ, како што тоа го направивме со интегрирањето во НАТО.

Ова беа главните пораки неформалниот состанок на НАТО и сојузниците од регионот, што вчера се одржа во Скопје. Домаќини на состанокот беа премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенбер, а учествуваа Еди Рама, претседател на Владата на Албанија, Зоран Миловановиќ, претседател на Хрватска, како и Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора, јавува МИА.

Еден од предлозите на состанокот беше да се создаде формат на НАТО – Западен Балкан на кој ќе учествуваат не само земјите членки на Алијансата од регионот, туку и Белград, Приштина и Сараево. Предлогот беше на албанскиот премиер, а поддржан од претседателот на Хрватска.

Пораката на Столтенберг е дека за Западниот Балкан е важно да ги избере дијалогот и дипломатијата пред конфликтот и војната.

-Западниот Балкан е стратешки важен за НАТО и иако нема директна воена закана кон некоја од земјите во регионот, сепак има причини за загриженост за состојбите поради зголемување на тензиите.  Гледаме закани за сецесионизам во БиХ, кревка безбедносна состојба во Косово и застој во преговорите меѓу Белград и Приштина, а авторитарните држави како Русија го загрозуваат нашиот демократски интегритет со кибер закани, – изјави Столтенберг по вчерашниот состанок.

Тој нагласи оти дијалогот меѓу Белград и Приштина е суштински за нивниот мир и просперитет, при што последните предлози за формирање на Заедницата на општини со мнозинско српско население ги оцени како чекор напред.

Првиот човек на Алијансата додаде дека на средбата станало збор и за руската агресија врз Украина, при што упати апел до двете страни за прекин на конфликтот, поздравувајќи го придонесот на сојузниците од НАТО на тој план, особено во услови на тешка ситуација на бојното поле.

Премиерот Ковачевски е на ставот дека безбедносна ситуација во државата е стабилна и не постојат индиции за нарушување. Според премиерот, системот на превенција, системот на заедничко работење со централата на НАТО во Брисел преку нашата претставничка мисија функционира на беспрекорно ниво.

-На состанокот разговаравме за безбедноста на регионот во детали. Регионалната безбедност ја обезбедуваме во целост преку земјите членки на НАТО. Оваа безбедност и стабилност на земјата и на регионот со себе носи и економски просперитет за кој што исто така разговаравме со соговорниците, рече Ковачевски.

Тој напомена дека Северна Македонија е пример за соживот и за мирно решавање на спорови преку дијалог, преку реформирање и практицирање на демократијата и инклузивност во носењето на одлуки.

-Нашата домашна задача е да продолжиме да работиме забрзано и посветено до целосно интегрирање во ЕУ, како што тоа го направивме со интегрирањето во НАТО Алијансата. Членството во ЕУ е наша цел и ние немаме друга алтерантива, изјави Ковачевски вчера по состанокот.

Претседателот на Хрватска Зоран Миловановиќ  оцени дека на состанокот имале квалитетен и содржаен разговор каков што обично нема од разни причини на вистинските самити на НАТО.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, пак, потенцираше дека Западен Балкан е од стратешко значење за Алијансата. Тој потврди дека на состанокот била нагласена долгорочната безбедност и стабилност во регионот.

-Црна Гора како земја со нула проблеми во однос со своите соседи ќе почне да игра конструктивна улога и да придонесува во подобрување на регионалната соработка за одржување на стабилност, изјави Спајиќ.

Премиерот на Албанија Еди Рама потенцираше дека на состанокот укажал на неопходноста да се зголеми бројот на силите на НАТО во Косово и неопходноста да се гарантира границата меѓу Косово и Србија, за која како што рече, е во служба на многу нелегални активности.

Скопје беше домаќин на првиот неформален состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот.

Tags: Димитар КовачевскиЕди РамаЗападен БалканЗоран МилановиќЈенс СтолтенбергНАТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ