• Latest

Голем број нерегуларности од почетокот на изборната кампања

December 1, 2016

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Голем број нерегуларности од почетокот на изборната кампања

December 1, 2016 10:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода регистрираа над 70 случаи на нерегуларности во првите седум дена од кампањата за предвремените парламентарни избори. Над 100 пријави пристигнаа од граѓанки и граѓани од целата земја кои јавуваат за нерегуларности во 14-те категории кои ЦИВИЛ ги истражува во текот на целиот изборен процес.

Нерегуларностите се документирани, обработени и верификувани од набљудувачите и експертскиот тим на ЦИВИЛ.

Се нотираат три случаи на предвремено започнување на предизборната кампања од три различни политички партии, иако Република Македонија, според претходните извештаи и анализи на ЦИВИЛ, долго време се наоѓа во предизборна кампања, долго пред започнувањето на официјалниот дел од кампањата на 21-ви ноември.

Злоупотреба на јавните ресурси на локално и национално ниво се нотираат во 14 случаи, при што се работи и за нетранспарентно финансиско работење на институциите и политичките партии. За злоупотреба на јавната администрација обработени се 23 случаи. Во тие случаи спаѓаат ‘списоците со сигурни гласачи’, како и случаи на притисоци за присуство на митинзи, мобинг и политичка дискриминација.

Алармантна е состојбата со злоупотреба на малолетниците во предизборната кампања. ЦИВИЛ регистрира 17 случаи на злоупотреба на малолетниците во средните и основните училишта и еден случај во градинка. Практично, секое училиште е претворено во изборен штаб, каде што наставниот кадар и родителските совети вршат агитација, притисоци и уцени врз родителите на учениците, користејќи ги учениците како алатка за да ги принудат граѓанките и граѓаните на соработка со владејачките партии. Постојат наводи во провладините медиумите за еден случај на злоупотреба на малолетниците во едно училиште каде претставници на опозициската СДСМ вршат вршат пропаганда.

ЦИВИЛ бара децата да бидат оставени на мира! Тоа што политичарите сакаат да дојдат на власт, не смее да се одразува на децата, на малолетниците, на учениците!

Нотирани се два случаја на корупција на гласачите.

Говорот на омраза, заканите и уцените се широко распространети и секојдневно се нотираат многу нови случаи. Нив, во голем број ги пријавуваат набљудувачите и граѓанските новинари, како и засегнатите граѓанки и граѓани. Постапката за верификување и обработување на тие податоци е во тек.

Можното попречување на гласањето од институциите, јавните претпријатија и приватните компании е документирано во два случаја досега. Се надеваме дека ќе престанат притисоците, односно темпирањето на работното време на гласачите на изборниот ден онака како што им одговара на одредени структури на моќта. Од двата случаја, еден е добро познат во јавноста, откако ЦИВИЛ го откри. Таквата пракса е неприфатлива.

Насилство се регистрира во шест случаи во првата недела на предизборната кампања. Во три случаи се работи за физичко насилство, а во три случаи за демолирање на изборни штабови.

Веќе подолго време ЦИВИЛ ја алармира јавноста, институциите, посебно Државната изборна комисија за фантомските гласачи. ДИК, за жал, не успеа да се извлече од влијанието на политичките партии, а ревизијата на Избирачкиот список не ја спроведе на задоволителен начин. Тоа е факт. Се надеваме дека ДИК ќе им излезе во пресрет на граѓанките и граѓаните да го остварат своето право на глас на денот на гласањето и дека брзо ќе реагираат во решавањето на проблемите со кои тие ќе се соочат.

ЦИВИЛ упатува пет категорични барања:

1. Бараме политичките партии веднаш да престанат со злоупотребите и со кршењето на Изборниот законик и на Кодексот за фер и демократски избори;

2. Бараме институциите, јавната администрација и претпријатијата да профункционираат во согласност со нивните ингеренции и обврски пред граѓанките и граѓаните;

3. Бараме транспарентност на финансиското работење на институциите и транспарентност на финансирањето на изборната кампања на политичките партии;

4. Бараме Државната изборна комисија да се ослободи од политичкиот диктат на партиите и да биде чувар на правото на глас на денот на гласањето и на брз и едноставен начин да ги реши проблемите;

5. Бараме дебата помеѓу политичките лидери, а не – препукување од говорниците на нивните митинзи. На 19-ти септември упативме јасно барање, со многу лесни услови, за учество на лидерите на двете најголеми политички партии, да излезат на дебата пред јавноста на Република Македонија. Еден од политичките лидери од кои побаравме учество, веднаш позитивно се изјасни за поканата, од другиот сé уште чекаме одговор.

(Период на известување: 21-27 ноември 2016)

Tags: 11 декемвризаканиизбори 2016нерегуларностипритисоциуценифантомиЦивил - Центар за слобода
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ