• Latest
Фото: МИА

Борел: Северна Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности, не само заедница на интереси

November 29, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Борел: Северна Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности, не само заедница на интереси

November 29, 2023 21:01
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, на заедничката прес конференција со неговиот домаќин македонскиот премиер Димитар Ковачевски  изјави дека ОБСЕ и покрај сите неволји и тешки времиња во кои што живееме е важен партнер или можеби токму затоа што живееме во вакви времиња тој станува поважен партнер, партнер организација и форум за размена за ЕУ.

„Ние многу ја цениме улогата на ОБСЕ особено во вакво време, ОБСЕ е единствена платформа каде што нашата заедничка безбедност и архитектура треба да биде дискутирана. И покрај обидите од Русија да го поткопа ОБСЕ, да ги поткопа неговите фундаментални начела и постојната безбедност. Јас сфаќам дека некои земји учеснички не беа одушевени од вашата одлука да присуствува министерот Лавров, ги сфаќам затоа што со незаконската војна на Русија против Украина таа ги поткопува истите начела на ОБСЕ и ги нарушува законите и поради тоа се соочува со меѓународни санкции и меѓународна изолација. А сепак вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го оддржиме мултилатератизмот  жив и Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудиваме Русија и зошто ја осудуваме“, потенцираше Борел.

Тој додаде дека ова е добра прилика за него да чуе директно од учесниците на овој состанок зошто Русија е осудена и изолирана а потоа ќе може и да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија. Тоа ќе биде навистина многу корисно од оваа гледна точка.

„Од друга страна од суштинско значење е министерскиот состанок да се осигури дека ОБСЕ ги има сите можни средства на расплагање за да може да функционира ефективно. Ние не сакаме да ја изгубиме работната способност на ОБСЕ и сакаме да ви честитаме вам на Северна Македонија што ја завршивте како претседателство токму во овие тешки времиња. Навистина завршивте добра работа и заслужувате да ви се заблагодариме. Го поздравувам предлогот Малта да биде следниот претседавач за 2024 година и се надевам дека оваа одлука ќе се усвои на министерскиот состанок во Скопје“, посочи Борел.

Тој дополнително додаде дека ЕУ ја поддржува Украина затоа што Украина се бори за да ги сочува својот интегритет и суверенитет но се бори и за мирот и стабилноста во Европа.

„Кога велам стабилност и мир во Европа тука го вклучувам и Западниот Балкан и во таа насока сакам да ја уважам позицијата на Северна Македонија, вашето непогрешливо целонсо усогласување со надворешната политика на ЕУ, пазар од ЕУ дури и пред приклучувањето кон ЕУ. Ќе останам на ваша страна, на страната на Северна Македонија, на нејзината Влада, ќе ве придржувам кон патот на напредокот, кон крајната цел што е членство во ЕУ. Северна Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности , не само заедница на интереси. Тоа е заедница на вредности. Јас сум задолжен да ги претставувам и вредностите и интересите на ЕУ во светот. И од она што јас го сфаќам и од мојата увереност можам да кажам дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ. Ве охрабрувам да продолжите со вашата работа да добиете полноправно членство а истовремено да ги искористите предностите од овој план за раст“, заклучи Борел.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БорелОБСЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result