• Latest
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во моментот кога вели "Leave me alone" на самитот на ОБСЕ во Скопје, 2023 (фото извор: скриншот од видео)

Лавров маргинализиран на Самитот на ОБСЕ во Скопје

November 30, 2023
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Лавров маргинализиран на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Неговото обраќање беше бојкотирано од голем дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија. Преку соопштение, протест против доаѓањето на Лавров денеска упати и ЦИВИЛ.

November 30, 2023 14:31
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во моментот кога вели "Leave me alone" на самитот на ОБСЕ во Скопје, 2023 (фото извор: скриншот од видео)

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во моментот кога вели "Leave me alone" на самитот на ОБСЕ во Скопје, 2023 (фото извор: скриншот од видео)

Share on FacebookShare on Twitter

Лавров го злоупотреби и го пречекори времето што му беше дадено за да се обрати на Самитот, спроведувајќи ја својата агенда полна со дезинформации и руска пропаганда, без да води сметка за причината поради која му беше овозможено да присуствува во земја членка на НАТО.

Рускиот министер, очигледно исфрустриран поради тоа што неговото обраќање беше бојкотиран од дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија, како и од критиките кои беа  упатени кон него од останатите делегации на Самитот, се оглуши на барањата на останатите делегати да го скрати говорот и да остави простор за останатите партиципиенти да го изнесат своето излагање. Шефот на руската дипломатија, неподготвен за критиките за кои беше свесен дека следуваат, ја напушти пленарната седница  веднаш по сопственото излагање.

Претставникот на Данска, кој посочи дека излагањето на рускиот претставник било со цел да предизвика заблуда и во своето излагање ја осуди руската агресија врз Украина и однесувањето на Русија во ОБСЕ, забележа дека вака изгледа дијалогот со Лавров.

Лавров остана маргинализиран на Самитот, откако претходниот ден неформалната вечера и фамилијарното фотографирање поминаа без негово присуство, а  неколку високи претставници делегации, меќу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел ја напуштија земјата уште пред тој да слета во Скопје, при што јасно дадоа до знаење дека шпекулациите за можна средба со рускиот министер дефинитивно паднаа во вода.

Дека нема намера да се сретне со Лавров објави и премиерот Димитар Ковачевски, додека претходно, поради доаѓањето на Лавров, учеството на состанокот на ОБСЕ во Скопје го откажаа украинскиот министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, како и шефовите на дипломатиите на балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија, и министерот за надворешни работи на Полска Шимон Шинковски вел Сек.

Наместо тоа, Лавров денес успеа да оствари средби со старите верни сојузници на Кремљ – Ерменија и Унгарија.

Остар протест против доаѓањето на Лавров, преку соопштение, денеска упати и ЦИВИЛ.

Драган Мишев

ЦИВИЛ нема да присуствува на настаните на самитот на ОБСЕ во знак на протест против руската геноцидна агресија и учеството на високиот претставник на државата-терорист

Tags: маргинализиранпленарна седницаСамит на ОБСЕСергеј Лавров
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ