• Latest

Реквием за еден сон (moral missing)

December 4, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Реквием за еден сон (moral missing)

Црните хроники и утре ќе се полнат со вести за фемициди, силувања, тепачки, убиства, социјалните мрежи и натаму ќе бидат бесконечно поле за блуење на отров, лагите и бесмислиците пакосните коментари ќе бидат дел од медиумските објави. Ќе продолжи оној деструктивен наратив на обвинувања кон секого и сешто и секому во своја полза. До кога?

December 4, 2023 15:18
in СТАВОВИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

АНА ВАСИЛЕВСКА 

Траорот што ни се вгнезди под кожа од објавата за исчезнатото 14-годишно девојче Вања Ѓорчевска, кулминираше во колективна болка синоќа по веста дека е пронајдена убиена. На секој од нас деновиве ни минаа низ глава безброј фатални сценарија но и оние најнадежни, треперејќи при секоја нова информација.  И денеска ги слушнавме деталите од МВР и ОЈО.

Со Вања вчера беше убиена и елементарна верба во човечкиот морал  а воскресна концептот за освета кон монструмите. Некои споменуваат и враќање на смртната казна за злосторниците. Дури и да се обиде човек комплетно емоционално да се дистанцира, онаа природна емпатија на секое здраворазумско битие не дозволува помирување со овој случај. Ако се сведе на голи факти, барем од оние со кои во моментов официјално располагаме, мотивот за убиството на Вања се пари. Толку едноставно, пари. Основната движечка сила во светот, парите за кои се војува, крволочно се убива, секојдневно се уништуваат милиони животи. Но, ова е глобална катастрофа на триумфот на злото и лукративниот материјализам, за која можеби до вчера верувавме дека е далеку од нас.

Според податоците на официјалната страница на Интерпол, нотификација со жолт аларм за исчезнати во моментов има за близу 10.000 лица во светот, меѓу нив речиси половина деца, на возраст од 0 до 21 година. Лицата се речиси од сите континенти и точки на планетава. Во објаснувањето на Интерпол како доминантен мотив за киднапирање на деца стои сексуална злоупотреба и експлоатација, трговија со луѓе, принудна работа: „ова се само дел од опасностите со кои се соочуваат децата ширум светот денес. Во ИНТЕРПОЛ работиме на решавање на оние злосторства кои имаат меѓународна димензија. За да помогнеме во трагањето на исчезнатите деца, издаваме жолти известувања, додека нашите експерти за трговија со луѓе работат заедно со земјите-членки за да ги спасат децата жртви на трговија со луѓе и принудна работа.“

Тие ја посочуваат сексуална злоупотреба и експлоатација како број еден за злоделата кон деца а како најолеснителен механизам за пристап на монструмите за каков било вид на злоупотреба на децата го акцентираа интернетот.

Што ќе сториме ние?

Трагедијата со Вања  е уште поголема бидејќи сплетот на криминални околности е бизарен, дотолку што логиката е исклучена. Неповратно е загубен еден млад живот, прекинати соништа со ладнокрвно повлекување на шкрапалото од оружјето на еден монструм. Тој што може физички да ликвидира човек е бездруго е некој чија душа е ампутирана. Молкот што го остава овој настан зад себе и истовремено илјадници прашања во секој од нас го обои овој понеделник во најцрн датум на кој некогаш сме сведочеле. И не дека злото, насилството не ни се дел од секојдневните вести , туку затоа што ова е прв случај налик на оние криминалистички серии во кои исчезнатите лица се бараат со застрашувачки аларм. Овој пат не е филм, не е кошмар од кој се разбудивме, не е среќно завршена акциона мистерија . Во суштината на се, останува тоа да очекуваме злосторниците да бидат изведени пред лицето на правдата и да им се суди според Закон.

Црните хроники и утре ќе се полнат со вести за фемициди, силувања, тепачки, убиства, социјалните мрежи и натаму ќе бидат бесконечно поле за блуење на отров, лагите и бесмислиците пакосните коментари ќе бидат дел од медиумските објави. Ќе продолжи оној деструктивен наратив на обвинувања кон секого и сешто и секому во своја полза. До кога?

Тоа што треба да не вкочани и преплаши до смрт се низата причини кои доведоа да живееме во токсично општество. Има многу, но една од нив бездруго е релативизирање на злото преку праксата на неказнивиост и уште пострашно киднапирање на есенцијалната човекова доблест-моралот. Не оној лажниот морал форматиран во догми и декларативни памфлети, туку вистинскиот исконски морал,

Ако пак отвориме дебата за ова лесно може да отиде во правец на лажно и празно морализирање. Тажно е што повторно границата може да ја повлече само Законот, а совеста и етиката се повеќе стануваат дефицит па дури и на нив се гледа со потсмев од страна на ордите „нелуѓе“ што не бираат ниту средства ниту начин да стигнат до целта. Газат и преку лешеви, како што видовме, убијци маскирани во „нормални идентитети“, патриоти, политичари, семејни луѓе.

Тоа што ние можеме и мораме да направиме е да почнеме да ја исправаме кривата патека, да не бегаме од суштината со банални заклучоци да ги лоцираме и да се спротиставиме на сите и најмали сигнали на злото, и најмногу од се да се вклучиме во потрага на исчезнатата човечност.

Реквиемот нека ечи денес, нека се исплачеме во име на невината душа на Вања но Амбер Алерт да закачиме во потрага за благородни и вистински вредности кои се единствен начин да се спротиставиме, да го превенираме и да го искорениме злото.


Текстот преземен од Нова ТВ, и е личен став на Авторката.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    179 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ