• Latest

Седум иницијативи на седница на Уставен суд

December 5, 2023
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Седум иницијативи на седница на Уставен суд

December 5, 2023 09:34
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 43. седница на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост.

Судиите ќе дискутираат по иницијативата поднесена на член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Во иницијативата чиј подносител е Врховен суд на Република Северна Македонија се наведува дека оспорениот став предвидува ограничување  или еднократно користење на жалбата без да се земе предвид можноста за повторена ревизија и повторно постапување и одлучување на Судскиот совет, при што останува неможност судијата или претседател на суд, доколку со новото решение за Судскиот совет повторно е прогласен за одговорен и му биде изречена санкција, против истото не може да поднесе жалба или тужба. Според наводите оспорената одредба е во спротивност со членот 50 став 2 од Уставот кој гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа. Подносителот посочува дека двостепеноста во одлучувањето на судовите а гарантирана во Уставот, што не е случај со оспорената одредба.

На дневен ред е и иницијативата со која се оспорени Автентичното толкување на членот 66 став 3 од Законот за буџети и член 66 став 3 од Законот за буџети.

Подносителот на иницијативите Mирослав Драганов наведува дека не е јасно кои вработени имаат право на дополнување на основната плата од 30 отсто, кои биле работните места со соодветни специфики и посебни одговорности и врз основа на што се определуваат овие места и кој ќе ги определува. Наведено е дека со самата законска одредба се воведува основ за арбитрерно постапување на органот на државната управа при определување кој има право на пропишаниот додаток. Во иницијативата има наводи дека вработените во Министерството за финансии кои вршат специфични работни задачи и имаат посебна одтговорност се доведуваат во неосновано привилигирана положба во однос на граѓаните кои се вработени во други органи на државната управа и вршат специфични задачи и имаат посебна одговорност, со што се ставаат во нерамноправна положба.

Според подносителот, со Автентичното толкување, Собранието постапило спротивно на Уставот и на Деловникот бидејќи во постапката за давање автентично толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети ја изменило толкуваната одредба со воведување на нови елементи и како последница на тоа била изменета и дополнета законската одредба спротивно на постапката за донесување на закони.

На дневен ред на седницата е и оспоренoто Решение Уп2 бр.32-120/2017 од 01.12.2022 со кое се поништува Решението Уп1 бр 20-3852 од 26.09.2022 година, поднесено од Бисера Костадиновска- Стојчевска

Со иницијативата се бара оценување на законитоста на Решение кое е донесено на 26.09.2023 година од градоначалникот на Општина Охрид со кое е поништено Одобрение за градење донесено од градоначалник на Општина Охрид на 5.12.2023 година.  Се тврди дека инвеститорот преку системот за е-одобрение на 24 јануари 2017 година ја известува општината за почеток на градба. Понатаму, наведено е  дека според записник од 28 декември 2016 година овластениот градежен инспектор при Општина Охрид евидентирал дека изградбата е започната а не се назначени изведувачот и правното лице за вршење надзор. Подносителката смета дека изградбата на објектот е во непосредна близина на растојание помало од 50 матри од водостојот на езерото, што е во спротивност со Законот за водите кој го регулира градењето на објекти со тврда градба.

На денешната седница судиите ќе дискутираат и по иницијативата со која е оспорен Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директните плаќања во случај на несообразност.

Доносител на актот е Влада на Република Северна Македонија, а подносител на иницијативата Министерство за правда.

Со иницијативата се оспорува рокот на објавувањето на актот во Службен весник, како спротивен на Уставот. Подносителот наведува дека оспорениот акт е неуставен бидејќи со него е повреден членот 52 од Уставот,  кој утврдува дека законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија „најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување”.

Судиите ќе дискутираат и по иницијативите со кои е оспорен Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.276/22), Правилникот за видот на штетни материи, како и начинот и методите на земање примероци за утврдување на штетните материи и други загадувачи-за утврдување – контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработениот тутун и производи од тутун („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.84/13), како и Правилникот за работа во странство на ГД Гранит АД Скопје од 2013 година и Одлука за организирање на работната единица и организација на работењето во Бања Лука, Република Српска ГД Гранит АД Скопје од 2013 година. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ