• Latest

Лога: Неопходно е нашите активности да вклучуваат криминализирање на делата на насилство кон жените и девојчињата

December 5, 2023
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Лога: Неопходно е нашите активности да вклучуваат криминализирање на делата на насилство кон жените и девојчињата

December 5, 2023 16:10
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Насилството спрема жените и девојчињата е меѓу најзастапените повреди на човековите права. Тоа не смее да биде приватна работа и мора да има соодветен кривично-правен одговор. Поради тоа неопходно е нашите активности да вклучуваат криминализирање на делата на насилство кон жените и девојчињата. Ова го истакна министерот за правда Кренар Лога на регионалната конференција „Обединети против насилство – Доста е“ која се одржа во Приштина.

На глобално ниво податоците покажуваат дека повеќе од пет жени или девојки се жртви на убиства секој час од некој во нивното семејство. Речиси секоја трета жена била изложена на физичко и/или сексуално насилство барем еднаш во животот. Вкупно 86 отсто од жените и девојките живеат во земји без правна заштита од родово базирано насилство.

– Со годинашната кампања инвестирај за превенција на насилството спрема жените и девојчињата се приклучуваме на 16 дена активизам против родово базираното насилство,  кој започна на 25 ноември на Меѓународниот ден за елиминација на насилството спрема жените, а ќе заврши на 10 декември, кога ќе го одбележиме Денот на човековите права, изјави Лога.

Министерот за правда Лога потсети дека Северна Македонија беше меѓу првите земји која во 2011 ја потпишаа Истанбулската конвенција, која влезе во сила во јули 2018 година. Во февруари 2023 година е донесен Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со кој се изврши хармонизирање со Истанбулската конвенција.
Првпат се криминализира родово базираното насилство врз жените кое означува насилство насочено против жената поради нејзина припадност на женскиот род.

Се воведуваат нови кривични дела: Фемицид, односно убиство на жена или девојче до 18 години, Осакатување на женски полови органи, Демнење и Полово вознемирување.
За да спречи виктимизација, како што се наведува, жртвите на сите форми на насилство спрема жените и девојчињата потребно е да добијат навремена и сеопфатна заштита преку сервиси и услуги за подрршка и заштита.

– Унапредувањето на системот на пристап до правда за жртвите е приоритет во програмските активности на Министерството за правда. Во 2022 година се донесе Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, рече Лога.

Истражувањето на ОБСЕ за насилството врз жените во Северна Македонија од 2019 година покажа меѓу другото дека 45 отсто од жените доживеале психичко, физичко и/или сексуално насилство извршено од сегашен или поранешен интимен партнер.

– Значителен дел од жените во Северна Македонија или 37 отсто посочиja дека нивните пријатели би се согласиле дека жената треба да го слуша својот сопруг. Речиси половина сметаат дека семејното насилство е приватна работа и треба да се постапува во рамките на семејството, а 32 отсто сметаат дека е важно мажот да и покаже на својата партнерка кој е шеф. Овие традиционални верувања претставуваат значителен предизвик за борба против насилството врз жените во Северна Македонија, стои во соопштението од Министерството за правда.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ