• Latest

Ковачевски: Евтината дневна тарифа за домаќинствата е резултат на зголеменото производството, енергетската криза ја претворивме во можност

December 16, 2023

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 10 мај 2025 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ги распиша осмите локални избори што ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Упад на полиција во дом на директорка на училиште во Демир Хисар – нејзиниот адвокат обвинува за политички притисок на ден пред распишување на изборите

August 9, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
Илустрација: ВИ

Што е што во изборен контекст: Политички наратив и како функционира

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Евтината дневна тарифа за домаќинствата е резултат на зголеменото производството, енергетската криза ја претворивме во можност

December 16, 2023 14:15
in ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Производството и снабдувањето со електрична и топлинска енергија е сигурно и континуирано и во оваа грејна сезона, уште на 15 октомври кога започна грејната сезона, АД ЕСМ подготвено ја дочека, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Како што соопшти Владата, во интервју за „Фокус“ премиерот Ковачевски, вели дека во текот на летниот период од страна на АД ЕСМ, се извршени редовни ремонтни активности на сите производствени капацитети, за да може оваа зима да сме подготвени. Во делот на снабдување со топлинска енергија за Град Скопје, додава, испораката на парно се врши од 6:00 – 22:00 часот, по строго утврдени правила и дијаграми.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека и минатата година која беше исклучително тешка, со капацитети стари и по 40 години, но со упорност, со нивно одржување, ремонти, со посветеност од работниците од сите енергетски капацитети, кризата се изменаџира.

-Сите енергетски потенцијали ги ставивме во функција, го активиравме и ТЕЦ Неготино, кој 15 години не работеше, го зголемивме домашното производство на електрична енергија на ЕСМ, со што се обезбеди 100 проценти струја за домаќинствата и за малите потрошувачи. Образовните институции, болници, комунални дејности беа вратени на регулираниот пазар, за да имаат пониски трошоци за работа. Во споредба со претходната грејна сезона 2021/2022 реализиравме зголемување на вкупното производство на електрична енергија од 45%. Тоа резултираше, во текот на целата зима да има електрична енергија без никаков прекин“, вели премиерот Ковачевски.

Од друга страна како што посочи премиерот Ковачевски во интервјуто, АД ЕСМ во изминатите години направи капитални ремонти во РЕК Битола, кои не беа направени подолго време, вложени се средства, време и работа сè со цел да се зајакнат капацитетите, да бидат поиздржливи и посигурни во производниот процес.

-Со правилни политики и со поддршката и растот на инвестициите во обновливи извори на енергија, успеавме кризата да ја претворивме во можност, потенцира премиерот Ковачевски.

Од јануари 2022 година до денес се издадени 600 лиценци за централи за обновливи извори на енергија, односно денес имаме инсталиран капацитет од 600 мегавати обновливи извори на енергија. После 30 години, додава тој,се избра инвеститор за изградба на најголемата пумпна хидроцентрала на Балканот – „Чебрен“, се направи првата енергетска транзиција на електрана на јаглен, во РЕК Осломеј, а во финална фаза се и физибилити студии, за нови над 300 MW фотонапонски централи на стариот рудник во РЕК Битола.

-И има уште многу проекти и планирани инвестиции во делот на обновливите извори. Северна Македонија е лидер во енергетската транзиција, ја претворивме нашата држава во зелен енергетски хаб. Ние сме првата држава во регионот на Западен Балкан, која донесе Стратегија за развој на енергетскиот сектор, базирана токму на столбовите на Зелениот Договор на Европската Унија. Ова се стратешки политики, кои на долг рок овозможуваат енергетска стабилност и независност на државата, посочи премиерот Ковачевски.

Притоа, премиерот Ковачевски посочува дека покрај сигурното снабдување со електрична енергија, во време на криза, приоритет беше и сè уште е, заштитата на граѓаните од ценовни шокови.

-Се обезбедија субвенции и финансиски средства за најранливите категории на граѓани, субвенционирање на цената на електрична енергија за сите домаќинства и за сите компании на регулираниот пазар. Во новиот 9-ти пакет антикризни мерки предвидени се еден милион евра преку Програмата за енергетска сиромаштија, за финансиска поддршка на над 5.000 семејства. Финансиска поддршка за домаќинствата за инвестиции во обновливи извори на енергија, а продолжува и мерката за 90 проценти субвенционирање на цената на струјата, со која се опфатени 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи, а сега повторно се овозможи враќање на евтината тарифа, со што граѓаните можат да заштедат над 1.000 денари месечно, потенцираше премиерот Коачевски, стои во соопштението.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: евтина дневна тарифаКовачевски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ