• Latest

Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените

December 19, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените

December 19, 2023 14:34
in ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Зулфија Амза, Фердикан Селмани и Леонардо Мемеди се дел граѓаните на кои денеска првпат им беа доделени изводи од матичната книга на родените. Тие беа дел од 526 предмети кои ги водеше Управата за водење на матични книги во врска со неевидентираните лица кои водеа децениски битки да бидат впишани во матичната книга на родените. Досега, од 526-те предмети се решени 409, а се очекува останатите 117 граѓани својот извод да го добијат до крајот на оваа година.

На денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои не биле досега евидентирани во матичната книга на родените, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека овие проблеми се веќе минато.

– Денеска, ставивме крај на еден горлив три децениски проблем што го имаа стотици граѓани кои се родиле на територија на нашата држава, но не беа впишани во матичната евиденција и немаа изводи на родени. Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не може да склучат брак, ниту пак да го регулираат стаусот на нивните деца, едноставно ги немаше во системот на државата, рече премиерот.

Тој се заблагодари на заложбата на Министерството за правда и Управата за водење матични книги и посебно да ја истакна улогата на пратеничките Соња Мираковска, Љатифа Шиковска и Снежана Калеска – Ванчева, кои подготвија амандмани во Законот за матична евиденција со кој системски продолжи да се решава проблемот со лицата неевидентирани во матичната книга на родени.

– Досега овие луѓе беа надвор од пазарот на трудот, сега им овозможуваме да се вработат, да отвораат и регистрираат свој сопствени фирми. Со нивното евидентирање во матичните книги им отворивме можност да ги користат сите бенефиции кој им ги нуди Уставот и Законите на Република Северна Македонија. Тие сега можат легално да стапат во брак, а нивните потомци без никаков проблем да бидат заведени во матичната книга на родените, истакна премиерот.

Министерот за правда, Кренар Лога, нагласи дека овие лица повеќе нема да бидат маргинализирани.

– Нула неевидентирани лица. Прво место во Европа, и второ во светот кои го решаваат проблемот со неевидентираните. Овие лица нема повеќе да бидат маргинализирани, дискриминирани. Овозможен им е пристапот до здравствена и социјална заштита, образование и пристап до правдата, рече министерот.

Пратеничката Соња Мираковска посочи дека рефлексиите во оваа област се несомнено значајни за квалитетот на животот на овие луѓе кои за прв пат добија документ со кој можат да кажат „јас припаѓам“, што, како што информираше, е мото на глобалниот акциски план 2014-2024 година на Обединетите Нации за ставање крај на бездржавјанството.

– Носењето на Законот за матична евиденција, повлече дополнување и измени на Законот за живеалишта и претстојувалишта со кој овозможивме повеќе начини луѓето да добијат право да имаат своја лична карта, да можат да регистрираат свое живеалиште или претстојувалиште. Исто така и Законот за лична карта. Тие два закони ги заокружија потребите за да биде успешен процесот за да може оваа група граѓани кои беа досега оставени на маргините на општеството и лишени од сопствените основни човекови права, да можат конечно да ги искористат бенефициите, рече Мираковска.

Дополни дека се работи на предлог на Закон на странци со кој ќе овозможи одредена група на граѓани побрзо да дојдат до државјанство.

Директорот на управата за водење на матични книги, Емир Сулејмани информираше дека Управата за водење на матични книги постапува по вкупно 526 предмети на цела територија на Република Северна Македонија, од кои 409 се позитивно решени и на истите им се издадени извод од матичната книга на родените. Како што дополни, по останатите 117 предмети се постапува и ќе бидат завршени до крајот на годината.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ