ЗОРАН ИВАНОВ
„Ни за сто години нема ЕУ под овие околности“, го кажа ова и си ја заврши партиската кариера зашто и во неговата партија, таа широка и од стравови изманипулирана граѓанска база дека ќе сме се бугаризирале или ќе сме си ја поништеле историјата или ќе сме си го продале Гоце или какви се други небулози и да зборува бугарската страна, тоа не минува и многу добро тоа го знае и авторот на цитатот сместен на самиот почеток на оваа една реченица и, оттука, иако до изборите е многу рано, со ваквиот поглед на македонската иднина на се уште првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ кој само за да стане премиер и да го запоседне државниот буџет земјава ја држи во заложништво, ова и наспроти актуелните овдешни, регионални па и глобални економски, социјални и посебно безбедносни околности па, го сакал тоа некој или не, Македонија, не само што треба, туку ќе мора да зачекори по ЕУ патот и таа реалност граѓаните гласачи многу добро ќе ја доразберат и, аналогно на тоа, на мајските избори, наспроти сегашните рејтинзи, скорот про ЕУ и, нели, под овие околности, анти ЕУ, неминовно ќе биде најмалку 100.000 гласови разлика на изборното конто на првата групација гласачи и, ова, покрај другото, и поради фактот што на македонските граѓани им е веќе премногу без европска контролна и без реформска ЕУ соработка и препуштени во овој наш амбиент во кој станува премногу задушливо од нескротливата корупција и од разно разните кронизми, непотизми, клиетелизми и какви се не други изми во, нели, овие наши децениски околности македонски наспроти оние таму околности европски.