• Latest
Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ)

Шукова: Не пристигна одлука од грчкиот инвеститор за продолжување на договорот за Чебрен

January 3, 2024
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Шукова: Не пристигна одлука од грчкиот инвеститор за продолжување на договорот за Чебрен

January 3, 2024 12:25
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ
Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ)

Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Заклучно со 31 декември не пристигна одлука за продолжување на договорот за Чебрен. МЖСПП ќе ја извести Владата дека тендерот пропадна, информира ресорниот министер Каја Шукова.

Според неа, компанијата во овие услови не обезбеди средства од банките за да можат да го градат. Банкарската гаранција од 1,4 милиони евра од Архиродон нема да се активира.

ППЦ-Архиродон на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“. Подоцна имаше забелешки на јавниот повик и до крајот на 2023 година требаше да одлучи дали ќе продолжи со проектот.

Првично одлуката требаше да ја донесе до 14 декември, но Министерството за животна средина и просторно планирање го продолжи рокот до 31 декември 2023 година заради жалбената постапка која беше во тек.

Владата на 14 септември на 185-тата седница донесе одлука со која се овозможи реализација на хидроцентралата Чебрен, со проценетата вредност на инвестицијата од околу една милијарда евра. Со одлуката е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала со инсталиран капацитет од најмалку 333 мегавати. Предвидено е Чебрен да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река е предвидено создавање на ново вештачко езеро. По завршување на проектирањето, и обезбедувањето на потребните документи се очекува да се почне со градба која е предвидена да трае седум години, пренесе МИА.

Идејата и проектирањето за големиот хидроенергетскиот проект Чебрен започнува со првите физибилити студии во 60-тите години од минатиот век. Досега имало 13 неуспешни тендери во период од последните 20 години, а последниот јавен повик, пред тековниот, е објавен во 2016 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ