• Latest
Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Секоја година издвојувавме од 20 до 30 милиони денари за чистење на дивите депонии, кои за неколку месеци повторно стануваа диви депонии, посочи Шукова

January 3, 2024

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Секоја година издвојувавме од 20 до 30 милиони денари за чистење на дивите депонии, кои за неколку месеци повторно стануваа диви депонии, посочи Шукова

January 3, 2024 14:17
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ИЗЈАВИ
Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Дивите депонии ги чистевме десетина години наназад, секоја година издвојувавме од 20 до 30 милиони денари за чистење на дивите депонии, кои во наредните неколку месеци повторно стануваа диви депонии, посочи министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на денешната прес-конференција.

Државата одлучи дека нема веќе да ги финансира таквите проекти, додаде Шукова, бидејќи како што рече, непотребно се користат средствата на граѓаните за нешто што не е одржливо.

-Чистиме на 10 до 15 локации согласно приоритетите на општините и за неколку месеци тие локации повторно се полнат со ѓубре, рече Шукова и додаде дека иако тоа е надлежност на општините, државата помагаше при чистењето на дивите депонии.

Проблемот со отпадот го имаме со повозрасните, вели Шукова во одговор на новинарско прашање за имплементација на едукативна програма во образовниот процес и додава дека децата се тие што најмалку прават отпад и најчесто ги потсетуваат повозрасните дека не треба да прават отпад. Посочи дека мора да се зајакне контролата и граѓаните мора да сфатат дека ѓубрето го правиме сами.

-Се надевам дека до крајот на овој месец ќе успееме да го распишеме тендерот за Свети Николе и дека во 2025 година ќе може да оперира регионалната депонија во Свети Николе.Тој тендер ќе има два лота едниот ќе биде изградба на претоварни станици, тие се неколку, пет или шест, и вториот лот ќе биде за централната депонија, така да паралелно ќе одиме со двата процеса, рече Шукова.

Додаде дека во тие два региона отпочнат е процесот на затворање на помалите општински депонии кои што не се стандардни. Дел од помалите општини, вели Шукова, веќе го насочуваат својот отпад кон поголемите депониии. Постепено како ќе се гради централната депонија, така ќе се продолжи со процесот на затворање на нестандардните депонии во тие два региона, пренесе МИА.

-Целото финансиско сценарио во тие два региона е повеќе од 40 милиони евра. Отприлика толку ќе треба и за другите региони. Значи ќе комбинираме два по два, бидејќи видовме дека е економски неисплатливо секоја општина да има своја депонија, затоа ги комбинираме по два. Таму системите ќе ги контролираат регионални тела, вели Шукова.

Интенцијата на државата во моментот е да воспостави основна инфраструктура по европски стандарди за управување со отпад, вели Шукова, бидејќи како што рече, тоа го немаме во моментот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ