• Latest

Руските бродоградилишта не можат да изградат онолку бродови колку што успева да им потопи украинската морнарица

January 8, 2024

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските бродоградилишта не можат да изградат онолку бродови колку што успева да им потопи украинската морнарица

Повеќето од водечките светски морнарици стануваат се поголеми - многу поголеми - за една клучна метрика: тонажа. Но, не и руската морнарица. Таа всушност се соочува со сериозни потешкотии да оствари барем минимален раст, и тоа поради една главна причина - Украинската морнарица, која нема ниту еден голем брод од првата линија, а продолжува да ги потонува и да ги крева во воздух руските воени бродови

January 8, 2024 18:21
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќето од водечките светски морнарици стануваат се поголеми – многу поголеми – за една клучна метрика: тонажа. Но, не и руската морнарица. Таа всушност се соочува со сериозни потешкотии да оствари барем минимален раст, и тоа поради една главна причина – Украинската морнарица, која нема ниту еден голем брод од првата линија, а продолжува да ги потонува и да ги крева во воздух руските воени бродови.

Како што пренесува Форбс, корисникот на Reddit, Phoenix_jz годишно ја собира, анализира и објавува вкупната тонажа на најдобрите 10 морнарици. Нивното најново истражување, објавено оваа недела, треба да ги охрабри поборниците за слободна Украина – и да ги загрижи поборниците на руската агресија.

Во 2023 година, руската морнарица додаде само 6.300 тони и ја заврши годината со вкупна тонажа од 2.152.000 тони. Русите можеше да додаде 17.700 тони минатата година преку новите конструкции на нова фрегата, корвети, миноловци и подморници, но Украинците уништија бродови и подморници на Црноморската флота со вкупна тежина од 11.400 тони.

Со губење на речиси исто толку тонажа колку што изгради во 2023 година, руската морнарица се приклучува на ексклузивен и срамен клуб на стагнација или намалена морнарица. Кралската морнарица тешка 886.000 тони, исто така, се намали во 2023 година, што не е ништо ново за она што некогаш беше најголемата флота во светот, но во последниве децении постојано венеше под лошото управување на последователните влади.

Италијанската морнарица тешка 356.000 тони се намали, но тоа најмногу се должи на јазот помеѓу деактивирањето на некои постари воени бродови и пуштањето во употреба на нивните нови, и многу поголеми, замени.

Руската морнарица е единствената морнарица која не може да успее да расте најмногу затоа што постојано губи бродови во борба. Во текот на минатата година „неволјите на флотата во Црното Море продолжија непречено“, напиша Phoenix_jz.

Црноморската флота ја започна руска војна во целосен обем против Украина со околу 50 големи воени бродови, вклучувајќи го ракетниот крстосувач Москва, неколку фрегати и корвети, десетина десантни бродови, дизел-електрични подморници и голема флотила патролни чамци.

Ова против украинската флота која имаше само еден голем воен брод, фрегатата Хетман Сахајдачниј. Украинците ја потонаа фрегатата во нејзиното пристаниште во Одеса во раните утрински часови на првичниот руски напад во февруари 2022 година со голема асистенција од воздухопловните сили.

Во 23 месеци тешки борби, руската Црноморска флота го загуби – од украинските беспилотни летала и проектили – својот главен крстосувач, четири амфибиски бродови, една подморница, еден брод за снабдување и неколку патролни чамци и десантни бродови. Во 2023 година „најдраматичната загуба досега беше уништувањето на [подморницата] Ростов-на-Дон од 3.100 тони во сувиот док на пристаништетп во Севастопол“, напиша Phoenix_jz.

Секоја друга флота можеби ќе може да ги надомести загубите за време на војната, но рускиот бродоградилишен сектор пропадна со крајот на Советскиот Сојуз. Не помага тоа што преостанато од индустријата се потпира на поморските мотори што ги увезува од Украина – мотори кои Украина повеќе не е подготвена да и ги продава на Русија, од очигледни причини.

Денес руските бродоградилишта сè уште успеваат некако да изградат некоја голема подморници, но се борат да изградат површински воени бродови потешки од неколку илјади тони.

Така, додека водечката светска морнарица, американската морнарица, минатата година порасна за 32.000 тони на нови вкупно 7.393.000 тони; а брзорастечката кинеска морнарица додаде 50.000 тони на вкупно 2.899.000 тони; руската флота едвај ја задржува сегашната тонажа.

Фото: Редит

Сето тоа е поради украинската морнарица. Флотата без ниту еден голем брод продолжува да уништува толку тонажа колку што Русите едвај успеваат да изградат.

Подготви: Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Руска морнариваруски загубиУкраинска морнарицаЦрноморска флота
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ