• Latest

Со сендвич и крвнички повик, се „чува победата“!

December 16, 2016

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Со сендвич и крвнички повик, се „чува победата“!

December 16, 2016 22:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Мирис на омраза. Вкус на платен сендвич. Студ, посилен од неколкуте степени во минус. Зурли и тапани. Оро со крвнички закани за братот и сестрата. Развеани знамиња, симбол на црнила и крв. Ноќ полна немир. „Ножеви и сабји го касапат“ македонското ткиво. Земјата плаче, исправена пред прагот на лудилото. Спроти 16-ти декември 2016!

press-foto
Пишува: Моника Талеска

Свират куршуми од време – навреме, го сечат небото, морници по телото. Ороводецот е невидлив, но безбеден. Зларадост му ја полни душата. Телефонот во рака, пред телевизор, го следи секој чекор. Фрчат пораки, насоки… Кој, каде треба да биде распореден. Кој повеќе зло и отров да исфрли од себе! Колку повеќе омраза, толку подобра позиција! Само тој, да биде сигурен. Да куртули од казната, од занданата, за злоделото!

Тие на орото, нека играат. Зурлите нека тропотат, посилно, појако… Нека се сее злото! Нека се множат тие на орото … Освен сендвич, и капка вода ќе им донесат. И така, не се битни. Дал’ ќе се овде или ќе заминат…?! Битно е само, тврдината негова да ја дочуваат, ако треба и со своите тела.

Омраза наместо страв. Одмаздата му блеска од лицето. Денеска стигна порано. Со моќен тупот зачекори кон судот. Знае. Нема да биде осуден! Ги познава добро. Го сакаат вкусот на парите, моќта … Им ги држи конците во раце. И овој пат, марионетките ќе играат судство во негов ритам, како изминативе 10 години!

А, орото се игра, сендвичите се готват, скарата крчка… Тие на орото се множат…

Земјата страда, вришти, од болни рани… Од канцерот што фати корен во секое село, во секој град… Но, гласот не ѝ се слуша. Врисокот исчезнува во лавиринтите на криминалот, во корумпираното судство, во паралелната полиција, во раскараните Македонци, во подвоените Албанци…

Никој не гледа, дека и Исус и Мухамед, се молат за спас на оваа земја. Го молат Бог, Севишниот креатор на овој свет, да го зачува мирот над малата земја, таму на Балканот. Молат да најде лек за лудилото. Да го исече канцерот и стави мелем врз раните. Да ги благослови со љубов душите на невините луѓе, опиени со напитоците на злото… Да ја донесе слободата и радоста, почитта и љубовта, како години пред тоа, пред да дојде Тој, сеачот на злото!

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ