• Latest
Сања Лукаревска, брифинг со новинарите, 15 јануари 2024

24 ЧАСА: УЈП спречи измама со поврат на ДДВ од над 2 милиони евра; уништени два руски авиони над Азовско Море; ужасен говор на омраза: „Денес Вевчани, утре Муртино!“

January 15, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: УЈП спречи измама со поврат на ДДВ од над 2 милиони евра; уништени два руски авиони над Азовско Море; ужасен говор на омраза: „Денес Вевчани, утре Муртино!“

January 15, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Сања Лукаревска, брифинг со новинарите, 15 јануари 2024

Сања Лукаревска, брифинг со новинарите, 15 јануари 2024

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

УЈП спречи измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Управата за јавни приходи денеска објави детали за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход, пренесе МИА.

На брифинг за медиуми од УЈП информираа за спроведени контроли кај три даночни обврзници регистрирани за вршење дејности трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало кои пристапиле кон изигрување на законите преку промена на назив и седиште на правното лице, како и промена на сопственичката и управувачката структура, без да имаат пријавени вработени, соодветни лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, бензинска пумпа и складишен простор, служејќи се со фиктивни фактури за милионски суми. Станува збор за три даночни обврзници и петмина добавувачи.

-Нема оштетување на Буџетот затоа што даночните службеници спречиле исплати за поврат на ДДВ од 160.117.130 денари и за Данок на личен доход од 18. 969.998 денари, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Во фокусот на новите мерки ќе бидат социјално ранливата категорија на граѓани, материјално необезбедените граѓани, работниците, пензионерите со ниски пензии. За пензионерите имаме во план да создадеме мерки кои ќе бидат трајни мерки, но секако не ги забораваме ни младите, односно сите оние коишто се вклучени во процесот на образование“, истакна министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕРКУЛТУРАЛИЗАМ Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска претседаваше со Оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот каде што беше разгледана и усвоен нацрт текстот на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија за периодот 2024-2026, со соодветен тригодишен акциски план.

М-НАВ Директорката на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска информираше дека е извршен надзорот во М-НАВ согласно владината одлука, а со оглед на тоа што станува збор за пообемен надзор, најмал временски период во којшто може да се изготви записникот е една недела. Таа испрати апел да се остават инспекторите професионално да ја завршат работата, да ги утврдат сите факти и докази за да не се појават понатамошни шпекулации во јавноста.

ИНТЕГРАЦИИ Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Виена, Австрија се сретнал со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. На средбата, соопштија од владината прес-служба, било поздравено успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со што државата уште еднаш ја покажа посветеноста кон мултилатерализмот.

ИЗБОРИ СВЕТ Новоизбраниот тајвански претседател Вилијам Лаи (Лаи Чинг-те) од Демократската прогресивна партија (ДПП) и претседателот на Тајван, Цаи Ингвен, ја поздравија поддршката на САД и Делегацијата која од Вашингтон пристигна вчера. Ова е трет мандат на ДПП, додека Хуо Ју –Их од националистичката партија Куоминтанг го призна поразот со освоени 33, 5 отсто гласови.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

ФРОНТ Украинските воздухопловни сили ги уништија руските авиони за рано предупредување и контрола А-50 и воздушното командно место Ил-22 и авионите за електронско разузнавање, изјави Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

*

БЛАГОДАРНОСТ Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир преку својот профил на мрежата Икс, упати благодарност до македонското МНР и Државниот секретар Филип Тосевски за поддршката на македонската делагација за Формулата за мир на 4-от состанок на советници за национална безбедност и надворешна политика, одржан на 14 јануари во Давос.

*

ДАВОС 2024 За време на состанокот во Давос, учесниците на состанокот на советниците за национална безбедност и надворешна политика за спроведување на Формулата за мир на Володимир Зеленски се осврнаа на преостанатите пет точки од Формулата за мир и напредокот во нивната имплементација. Тие вклучуваат: „Повлекување на руските трупи и прекин на непријателствата“, „Враќање на правдата“, „Еколошка безбедност“, „Спречување на ескалација и повторување на агресијата“ и „Потврда за крајот на војната“.

АЛ-ПРЕС

Албанското собрание денеска ја започнува работата  со најави за блокади и хаос од опозицијата, а првата седница за оваа година ќе започне  денеска во 17 часот.

Во Косово денеска се одбележуваат 25години  од масакрот во Речак, каде српските сили убија над 45 невини албански цивили.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

(ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ) Ужасен говор на омраза на социјалните мрежи: „Денес Вевчани, утре Муртино!“

Екстремен говор на омраза, лавина гнасни коментари, ситење, обид за политичко профитирање по несреќниот случај во кој животот го загуби 19 годишниот син на поранешниот пратеник, Крсто Мукоски, се бележи во извештајот на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ за говорот на омраза на социјалните мрежи: „Денес Вевчани, утре Муртино“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во ова општество се делат пари, станови и позиции како да се салфетки или визит карти. На другата страна од „бизнис зделките“ се наоѓаат корумпирани судии, политичари и администрација кои функционираат според вредности и принципи кои не зависат од тоа кој е на власт, ниту на која политичка партија им припаѓаат. Тие односот кон политичките партии го градат врз бизнис логика“, пишува Џабир Дерала во колумната „Најмногу корупција има таму каде што најмалку се бара“.

*

Од другите прилози во СЛОБОДНА ЗОНА, ги издвојуваме „Грдата маска на Мицкоски“ од Јане Ѓорѓиоски и „Господ гледа ама Господ ги гледа и нив, па…“ од Зоран Иванов.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ