• Latest

24 ЧАСА: Беса Адеми останува на чело на Врховен; „лажна надеж“ за пролонгирање на рокот за пасошите; дали сме на работ на трета светска војна?

January 17, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Беса Адеми останува на чело на Врховен; „лажна надеж“ за пролонгирање на рокот за пасошите; дали сме на работ на трета светска војна?

January 17, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Судскиот совет ја запре постапката за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд

Со седум гласа „за“ Судскиот совет на денешната седница ја запре постапката за утврдување на одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Мислењата на членовите на Судски совет во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на врховен суд, Беса Адеми, за нејзиното отсуство од седниците на Советот без соодветни докази и непојавување на средбата со поранешниот претседател Сашко Георгиев, на расправата беа поделени.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Според министерот за надворешни работи пофер да им се каже на граѓаните дека имаме обврска, да се организираме да помине без многу потешкотии, отколку сега заради некаква политичка придобивка во предизборие да им се дава лажна надеж на граѓаните дека ќе се одложи рокот.

„Договорот од Преспа е меѓународен договор. Мислам дека наместо да се концентрираме на давање на лажна надеж на граѓаните дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор и ќе го смениме Законот за спроведување на уставните амандмани, да работиме граѓаните да немаат пречки после 13 февруари“, изјави денеска министерот Османи, пренесе МИА.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач. Над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка. Овие суми ги потврдува и Службениот гласник на општина Охрид број 14 од 28.12.2023 година. Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков“, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Пецаков вели дека го основал клубот во 2011 и бил капитен на клубот се до 2016 година.

„Во 2013 со основачки влог од 25 000 € на општина Охрид се основа Акционерско Друштво РК ОХРИД 2013, кое понатаму во 2017 година се преименува во ГРК ОХРИД и така е до ден денес… Од како е Акционерско Друштво од 2013 не членувам, ниту сум бил на било која извршна или не извршна позиција во АД-то и дополнително од 2013 година па навака, главен финансиер на ГРК ОХРИД е општина Охрид“, вели тој.

ИНТЕГРАЦИИ Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, кој денес престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беа истакнати блиските врски меѓу двата народи, со заедничка визија за напредок на патот кон членство во ЕУ.

Фон дер Лајен: На декемвриското заседание на Европскиот совет ја потврдивме нашата колективна посветеност на иднина во која сите шест партнери од Западниот Балкан ќе бидат дел од нашата Унија, но за тоа како во пракса ќе функционира таа Унијата од над 30 земји. одговорот можеме да го дадеме само ние што сме внатре во ЕУ, порача денеска претседателката на Европската комисија во обраќањето пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур.

ПРАВДА Евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека вчера имал продуктивен состанок со претседателката на Судскиот совет (СС) Весна Дамева и се надева дека сите членови на Судскиот совет ќе свртат нова страница и ќе се обидат да ги спроведат препораките од Oценската мисија на Европската унија.

СВЕТ, КОНФЛИКТИ Последните случувања на Блискиот исток со ракетниот напад на Иран врз пограничната област во Пакистан само ги зголеми стравувањата дека ескалациите на конфликтите низ светот од крајот на 2023 година, кои продолжуваат со несмален интензитет и на почетокот на 2024 година, може да доведат до почеток на трета светска војна.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

ПРЕС КОМИНИКЕ Во Давос, Швајцарија, се одржаа меѓународните консултации за клучните принципи за мир за Украина. Консултациите вклучија лично и онлајн учество на советници за национална безбедност и надворешна политика од 82 земји и меѓународни организации.

*

Глобалната вредност може да се обнови и зачува од сите држави. Една од платформите за градење дијалог/разбирање за тоа како да се зачува човечкиот живот, да се врати почитувањето на човековото достоинство и да се врати мирот и безбедноста би можело да биде одржувањето на Глобалниот Самит за Мир на ниво на шефови на држави и влади.

Украина се надева дека учеството на Република Северна Македонија на овој Самит ќе биде значително продолжување на партнерската поддршка, пишува Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, во колумната „Движејќи се кон Глобалниот Самит за Мир, Спасувајќи човечки животи“.

*

ЕУ бара итно и безусловно ослободување на Навални и на сите политички затвореници во Русија, истакна Борел.

АЛ-ПРЕС

Во северна Митровица започна петицијата за разрешување на градоначалниците од редовите на албанската заедница, пишуваат косовските медиуми.

Во фокусот на косовските медиуми денеска е и ослободувањето од притвор на Никола Сандуловиќ, еден од ретките  српски политички противници на Вучиќ, кој беше претепан поради поклонување на гробиштата на семејството на косовскиот борец  за слобода и херој, Адем Јашари.

Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

САТИРА

Откако вевчанци и други граѓани реагираа на нападите од црковните великодостојници, кои се нафрилија со остри осуди за дел од маските што се претставија на овогодинешниот Вевчански карневал, Синодот на МПЦ, како што дознава АХА, на таен собор одржан во Бигорски манастир, решил да се извини, да ги послуша верниците и конечно, како што посочиле „црквата еднаш засекогаш да се доближи до народот“, пишува РИБАРО во сатирата „МПЦ ќе ги донира на граѓаните своите џипови, плацеви и црковните пари“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Точно е, јавна тајна е, дека заради мир во куќата (власта) во М-НАВ големо влијание има ДУИ. Се виде и по смената на директорите. На местото на Фарко Хамиди дојде стручна личност, но и партиски кадар на ДУИ, Хекуран Асани.

А вработувањата од сите партии, и порано во времето на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, да не се направени со друг клуч? Се виде и од објавувањето на списоците на вработените блиски до високи функционери на ДУИ и СДСМ, а веројатно има и блиски до ВМРО-ДПМНЕ, но и до Алијанса на Албанците или поранешни активисти на ДПА.

Додека партизираноста е до небо, една колешка би рекла дека „државата е приземјена“, пишува Сефер Тахири во колумната „Држава партизирана до небо“.

А кој преку секојдневни црнила ја црни состојбата во општеството и државата како апарат?“, пишува Војо Маневски во колумната „Постојаната обвинувачка реторика е сигурно пропаѓање на општеството: Како се јадеме самите себеси“?

„Танцот на смртта го најавија палежите и колегите низ и пред Собранието, како и љубовта кон Лавров, оргиите и екстазите на Левица во Собранието“, пишува Борко Зафировски во колумната „Одата заменета со Танцот на смртта (Danse Macabre)“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ