• Latest
Александар Даштевски, ДИК (фото: МИА)

Даштевски: На 25 јануари Управниот суд ќе расправа за тужбата на потпретседателката на ДИК Шеху за изборот на составот на ОИК и ИО

January 18, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Даштевски: На 25 јануари Управниот суд ќе расправа за тужбата на потпретседателката на ДИК Шеху за изборот на составот на ОИК и ИО

January 18, 2024 10:02
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Александар Даштевски, ДИК (фото: МИА)

Александар Даштевски, ДИК (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

На 25 јануари Управниот суд ќе расправа по тужбата што потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху ја поднесе откако членовите на Комисијата не го усвоија упатството со кое таа бараше составот на Општинските изборни комисии (ОИК) и Избирачките одбори (ИО) да се бира согласно вкупното население од пописот од 2021 година. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски во интервју за МИА вели дека се повикани на расправа во Управниот судот и оти членовите на ДИК при гласањето се воделе од законот и од препораката на Државниот завод за статистика, членовите на ОИК и ИО да се бираат од население што живее во земјава.

-Ние постапивме сите како што мислевме дека треба да постапиме и не се донесе тоа упатство. Според тоа, таа бараше врз основа на членот 34г гласање со консензус и на тоа гласање повторно иста беше одлуката. Немаше консензус така што можност понатаму во членот е управна тужба. Бидејќи се кратки роковите, нели изборите се ближат треба да се одлучува брзо, таа веќе поднесе и имаме покана на 25 овој месец да присуствуваме на расправата пред Управниот суд. Нормално јас ќе одам бидејќи, нашите, правната служба не ни била тука, за да го објаснам тоа, рече Даштевски.

Во интервјуто тој појаснува врз основа на каква методологија се бираат членовите на овие изборни тела.

– Ние постапивме согласно законот. Значи методологијата за избор на членови на ОИК и ИО била иста и по последниот попис и препорака на Заводот за статистика е да остане иста и сега после овој попис од 2021 односно од резидентно население, а не луѓе значи кои не се резиденти. Според тоа да се бираат. Ние останавме на тоа решение, а таа бараше според пописот да се сметаат и тие што не живеат во Република Македонија, така што сметам дека… не би сакал да прејудицирам што ќе одлучи Управниот суд. А друга работа е што консензусот според законот се бара пред да се гласа, а таа го побара после гласањето, рече Даштевски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДаштевскиДИКУправен судШеху
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result