• Latest

Диригираните медиуми пак по старо: Послушните пропагандисти на власта едвај го дочекаа крајот на мандатот на ад-хок телото!

December 20, 2016

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Диригираните медиуми пак по старо: Послушните пропагандисти на власта едвај го дочекаа крајот на мандатот на ад-хок телото!

December 20, 2016 18:14
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По завршувањето на изборите и престанувањето со работа на ад-хок телото за медиумско регулирање за време на изборниот процес, продолжи силната контрола на власта врз медиумите во Македонија. Уредниците на одделни диригирани медиуми, наместо непристрасно да известуваат, веднаш се вратија во добро им познатата улога на „службеници на Партијата“, создавајќи пропагандни содржини како маркетинг-агенти, пред сé на ВМРО-ДПМНЕ.

ЦИВИЛ Медиа побара изјави од неколку експерти за (не)професионалниот однос на медиумите кон изборите и за начинот на известување за време на кампањата, на изборниот ден и во постизборниот период.

Директорката на Совет за етика во медиумите на Македонија, Марина Тунева, за ЦИВИЛ Медиа вели дека политичарите преку медиумите се бореа да си го добијат „заслужениот простор“, а новинарството одигра улога на сервилен служител во таа намера. И притоа, медиумите не умееја да одлучат самите, туку дозволија тоа да го направат други во нивно име.

12742358_988683287845775_1823519167433153731_n
Марина Тунева, Совет за етика во медиумите

„За жал, доста медиуми паднаа на тестот на професионалноста и не успејaа да се ослободат од притисокот на политичката ситуација. Освен што се претворија во разгласни станици на политичките партии, својот простор го злоупотребуваа за да им го отстапат на политичките актери и на нивната агенда и пораки, па дури и кога тие содржеа потпалувачка и воинствена реторика. Остана перцепцијата што долго трае, дека етиката не е во сржта на работењето на медиумот, туку таа е само мисловна именка“, изјави Тунева.

Комуникологот Сефер Тахири, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека Македонија се наоѓа длабоко на листата на слободни медиуми, бидејќи на неколку медиуми има текстови со исти наслови, со исти теми, што покажува дека тие содржини доаѓаат од некоја партиски центар или пропагандна служба.

13592549_1155188894502693_4352005700790313590_n
Сефер Тахири, комуниколог

„За жал, ова е вистинската слика за медиумите кај нас. Известувањето е еднодимензионално и еднонасочно. Се прават деструктивни теми, каде што се напаѓа опозицијата, невладините организации, критичките медиуми, сé со цел да се прикаже дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот победник на овие избори. Често, во одредени медиуми, има и говор на омраза, дискриминација, клевети…, кон неистомислениците на владејачката партија“, вели Тахири.

Снежана Трпевска од Македонскиот институт за медиуми, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека пред да започне изборната кампања, имаше еден привиден период на подобрување во медиумското известување за политичките актери. Таа додава дека тоа беше намерно направено, колку да се остави позитивен впечаток пред меѓународната заедница, особено како резултат на вториот политички договор од Пржино.

9355_493466424057493_1996959695_n
Снежана Трпевска, Македонски институт за медиуми

„Провладините приватни медиуми дадоа многу повеќе простор во вестите за  опозицијата и ‘го намалија’ демонизирачкиот дискурс кон опозициските и другите критички гласови, а МТВ релативно балансирано известуваше за сите политички актери и теми. Но, како се доближуваше кампањата, така почна да станува јасно дека тоа навистина било само привид. Си се вратија на свое, што би се рекло. Повторно ја гледаме истата демонизирачка реторика кон опозицијата, еклатантното фаворизирање на партијата на власт и некритичкото пренесување на отворениот говор на омраза што доаѓа од највисоки политички функционери од власта“, вели Трпевска од МИМ.

Дехран Муратов

Tags: ад хок телоВМРО-ДПМНЕМарина ТуневаМедиумиМТВСефер ТахириСнежана Трпевскауредници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ