• Latest

Собранието се злоупотребуваше за внатрепартиски пресметки, не водејќи сметка за интересите на граѓаните

January 19, 2024

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Собранието се злоупотребуваше за внатрепартиски пресметки, не водејќи сметка за интересите на граѓаните

January 19, 2024 12:16
in ВЕСТИ, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„За жал, повеќе од три децении на повеќепартиски систем не донесе плодна парламентарна демократија со предлози и конструктивни амандмани. Напротив,секогаш собранието се злоупотребуваше за внатрепартиски пресметки“ – велат политичките аналитичари зборувајќи за актуелниот состав на Собранието, работа како и за блокадите на опозицијата за прашања од колективен и стратешки интерес за Северна Македонија.

– Секогаш Собранието се злоупотребуваше за внатрепартиски пресметки преку грбот на законодавниот дом, не водејќи сметка за интересите на граѓаните. Така беше и во овој парламентарен состав, така ќе биде и во идниот, бидејќи политичката некултура на политичките елити прогресира, наместо да оди кон цивилизирана политичка култура и дебата. Неверојатно, првиот парламентарен состав во Македонија имал најголема политичка култура и дебата со почит и уважување меѓу пратениците и ние наместо да ја надградуваме, постојано ја девалвираме низ децениите, вели за „Фронтлајн“ – политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски.

Собранието и парменттарците во функција на политичките агенди

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу смета дека Собранието и парменттарците се исклучиво во функција на политичките партии.

– Затоа парлементот е блед а поголем дел од членовите на парементот се денес сосема непрепознатливи за јавноста, иако се директно избрани народни избраници – што е парадокс! Иако РСМ е номинално парлементарна демократија, Собранието функционира под строга контрола на партиски врвови, па затоа и самите парламентарци се сведуваат претежно на послушна гласачка машинерија која дисиплинирано ги спреведува партиските директиви. Затоа парлементот губи релевантност, па дури ни честите блокадите и драматичните парлементарни дебати стануваат се помалку интересни и релевантни за јавноста. Ова го потврдуваат и анкетите, изјави Небиу за „Фронтлајн“.

Во однос на следниот парлемент, Небиу, очекува да произведе позитивни промени, но не е сигурен колку е тоа можно без системски промени во начинот на избор на членови на парлементот кој би ги зголемил престижот, улогата и значењето на пратениците.

– Пред се тука мислам на отворени листи, во кои граѓаните сами би си избирале пратеници, па тие пратеници би престанале да бидат избрани директно од партискиот лидер, и можеби би развиле свој изворен политички легитимитет, нагласи тој.

Во многу наврати беа блокирани работните тела и пленарните седници на Собранието. И најважното, со несогласувањата на ВМРО-ДПМНЕ да се пристапи кон уставни измени се спречи напредокот на земјата кон членство во ЕУ, вели Џелили.

Поранешниот пратеник Зуди Џелили оценува дека актуелниот состав на Собранието наишол на големи проблеми.

– Еден период имаше кревко мнозинство за што беа одложени многу седници, а имаше и немили настани и тензични ситуации. Етичкиот кодекс не беше почитуван од страна на одредени пратеници. Во многу наврати беа блокирани работните тела и пленарните седници на Собранието. И најважното, со несогласувањата на ВМРО ДПМНЕ да се пристапи кон уставни измени се спречи напредокот на земјата кон членство во ЕУ. Сето ова деструктивно работење на Собранието нанесе голема штета на земјата како во политички така и на економски план, изгубивме неколку милјарди евра помош од ЕУ, се изгуби довербата кај граѓаните кон институциите и се доведевме до безнадежни ситуации, изјави Џелили за „Фронтлајн“.

Ниско ниво на квалитетот на дебата во Собранието

Извештајот (Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје) од набљудувањето на квалитетот на дебатата во собранието во текот на 2023 година покажува релативно ниското ниво на квалитетот на дебатата во Собранието во овој мандат и го потврдува заклучокот дека постои простор за значително подобрување.

На скала од 1-најнизок до 10 – највисок, средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието во првото полугодие на 2023 година е 5,5.
Учеството на жените во дискусијата е 43% и се задржува на релативно високо ниво, исто така претставува највисоко учество на жените во дискусијата во споредба со претходно набљудувани мандати.

Во 49% од сите анализирани дискусии, учесниците немаа аргументи, додека во 44% од анализираните дискусии имаа слаба аргументација, односно говорниците им понудија образложение на своите позиции што не е доволно да се смета за еден целосен аргумент.

Доколку се разгледаат последните изданија на собраниската публикација „Мојот пратеник“ може да се заклучи дека во периодот од јануари до јуни и од јули до декмври 2023 година, во огромен бројка се „пасивните’ пратеници, меѓу кои има и лидери на политички партии.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Tags: блокадиСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ