• Latest

Османи ќе учествува на Конференција на ЕУ за справување со дезинформациите и странското мешање

January 23, 2024

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Османи ќе учествува на Конференција на ЕУ за справување со дезинформациите и странското мешање

January 23, 2024 08:44
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево во Брисел ќе учествува на Конференцијата „Позадината на дезинформациите: Зајакнување на нашите општества против манипулациите и мешањето на странските информации“, чиј домаќин е високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Османи ќе говори на панел-дскусијата на Конференцијата, на која обраќања ќе имаат и претседавачот на Специјалниот комитет на Европскиот парламент за странско мешање во демократските процеси (ИНГЕ) и прв човек на пратеничката група на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) во ЕП, Рафаел Глуксман, помошничката генерална секретарка на НАТО за јавна дипломатија Мари-Доа Бесасено и заменик генералната секретарка на ОН за глобални комуникации Мелиса Флеминг.

Конференцијата ќе започне со воведно обраќање на Борел, кој при тоа ќе го претстави Вториот извештај на Европската служба за надворепни работи (ЕЕАС) за странско мешање и заканите за манипулација со информациите, а ќе заврши со говор на потпретседателката на ЕК за вредности и транспарентност Вера Јоурова посветен на активностите на Европската комисија за справување со заканите по демократијата.

Како што соопшти ЕЕАС, Конференцијата има за цел да ги обедини државите партнери на ЕУ, институциите на Унијата и земјите членки во поттикнување на уште подоброто разбирање за тоа како може соработката меѓу засегнатите страни во справувањето манипулациите и мешањето на странските информации да се доведе на следно ниво.

Вториот извештај на ЕЕАС дава преглед на актуелните закани поврзани со манипулациите и мешањето на странските информации, се занимава со прашања за ефикасните контрамерки и поставува сеопфатна рамка за одговор, помагајќи им на сите засегнати страни поефективно да соработуваат во борбата против манипулација со информациите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ