• Latest

Циркуларна економија – нов концепт за заштеда на ресурсите, минимум отпад, одговорно производство и одговорна потрошувачка

January 29, 2024

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Циркуларна економија – нов концепт за заштеда на ресурсите, минимум отпад, одговорно производство и одговорна потрошувачка

-Луѓето треба да размислуваат еколошки одржливо, а за тоа да се поттикне, најдобро е да се воведе соодветна едукација уште од најрана возраст - во градинките и основните школи. Циркуларна економија е, на пример, кога храна купувате на мерење, колку што ви треба, за потоа да не ја фрлате и да создавате отпад, рече професорката.

January 29, 2024 20:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите од регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, прават многу комунален отпад, а се уште немаат доволно развиена свест за негово рециклирање и селектирање. Токму отпадот е фокус на циркуларната економија – нов концепт што подразбира штедење на ресурсите, одговорна потрошувачка и одговорно производство.

Како што беше речено денеска во Стопанската комора, луѓето треба да размислуваат еколошки одржливо, а за тоа да се поттикне, најдобро е да се воведе соодветна едукација уште од најрана возраст – во градинките и основните школи.

-Правиме многу комунален отпад, не рециклираме доволно, а и селектирањето е на скромно ниво. Така е во сите земји на Балканот. Се уште е ниска свеста, а тоа може да се смени единствено преку образованието. За ова мора да се учи уште од градинка и основно училиште. Не се сомневам дека за одреден поериод ќе има и задолжителни предмети за одржлив развој и циркуларна економија во основните школи зашто такви кадри навистина ни требаат, истакна професорката Наташа Петровиќ од Факултетот за организациски науки при Универзитетот во Белград која го одржа т.н. месечно обраќање во Комората.

Според неа, минимизирање на отпадот и негово рециклирање за повторно создавање употребна вредност, е најкратката дефиниција за циркуларната економија.

-Кај нас производниот систем базира на линерана економија – земање ресурси од природата, преработување, добивање различни производи кои се трошат и потоа завршуваат во отпад. Но, овој циклус мора да добие кружен тек – отпадот да се рециклира и да се врати во производствениот систем, на почетокот на линијата, да се направи затворен круг. Треба, всушност, да ја имитираме природата која совршено знае што прави, потенцира Петровиќ.

Рециклирањето на отпадот, укажа, го оптимизира искористувањето на ресурсите.

-Неопходно е проактивно делување, а за тоа луѓето мора да имаат знаење, стручност, еколошка култура, но и алатки. Во моментов циркуларната економија се занимава со пластиката, иако во ЕУ многу често се зборува и за храната. Храна многу се фрла, а проблем се и биомасата, како и градежниот отпад кој е проблематичен за одложување/складирање. Циркуларна економија е кога храна купувате на мерење, колку што ви треба, за потоа да не ја фрлате и да создавате отпад. Во некои земји веќе има системи за повторно полнење млеко или се употребуваат многу мали пакувања, напомена професорката.

Зборувајќи за ресурсите, таа рече и дека во иднина некои метали ќе мора да се рециклираат, зашто тоа ќе биде нивниот единствен извор.

Според Комората, иако кај нас има закони што ги третираат животната средина и отпадот, како и неговото селектирање, сликата што ја испраќа земјава од тој аспект е многу грда.

Претставник од бизнисот посочи дека во Северна Македонија се уште нема фирми кои се занимаваат со отпадот што го создаваат некои компании, па тие и да сакаат, нема каде да го одложат.

-Нема компании во земјава кои се занимаваат со отпадот што ние го создаваме, на пример, тутунска прашина, а од неа може да се прават брикети или хумус. Од друга страна, извозот е неисплатлив доколку евентуално има такви компании во Србија, рече претставникот од бизнисот.

Комората со денешниот настан најави низа активности на тема циркуларна економија. Воедно информира дека е формиран Центар за циркуларна економија како нова алатка во интерес на компаниите. Донесена е и Одлука за формирање иницијатиен одбор за регионален хаб за циркуларна економија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ