• Latest

Со седум гласа „за“ и три „против“, Данева помина за уставен судија на Комисијата за избори и именувања

January 31, 2024

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Со седум гласа „за“ и три „против“, Данева помина за уставен судија на Комисијата за избори и именувања

January 31, 2024 15:55
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на продолжението на денешната седница, со седум гласа „за“ и три „против“, го изгласа предлогот за Ана Павловска Данева за кандидат за уставен судија.

Претходно, беше затворена расправата по повод предлог кандидатот за уставен судија. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска останаа на ставот дека предлогот професорката Ана Павлова Данева да се избере за нов уставен судија е партиски. Пратениците од власта, пак, оценија дека опозицијата не истакнала ниту еден издржан аргумент зошто кандидатот не би можел да биде судија.

Пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека народот се борел со сиромаштија за време на оваа власт а оваа власт ја поддржала за уставен судија, кандидатката која била и поранешен потпретседател на партијата на власт. Петрушевска рече дека требало да се повлече од номинација.

– Номинацијата што се обидувате да ја протнете на помалку од сто дена пред избори, зборува дека сериозно се подготвувате за еден голем пораз и правите очајнички обиди пред заминување, рече таа, додавајќи дека за ова власта ќе била казнета од народот а била и лошо оценета од извештаите на  странските претставници на меѓународната заедница во земјава. Со ова, рече, ја заокружувате целосната партизација на Уставниот суд и директно се напаѓа уставниот поредок на државата. Одговорност за тоа, додаде,  ќе мора да има рече. Кандидатката ја нарече фејсбук правен експерт на батерии и учесник кој требало да се огради од  шарената револуција и да се извини. Таа, нагласи,  не се оградила од штетните политики на СДСМ.

– Таа не треба да биде уставен судија, таа нема да ја има мојата поддршка, подвлече Петрушевска.

Снежана Калевска Ванчева од СДСМ рече дека немало конструктивна критика во говорот на Петрушевска, иако очекувала.

– Имавте седум години да се оградите од штетните политики на тогашното ВМРО ДПМНЕ кое за 11 години успеа да ја зароби државата. Токму тоа  доведе до тоа, секој демократ да излезе во шарена револуција. Во револуцијата учествуваа способни кадри од различни професии. Со една мисла, да не се повтори тоа што го имавме. Делата говорат за неа, а тие се многубројни. Правните експерти што ја оцениле лошо Данева се всушност на батерии. Кога нема што да се каже, нешто суштинско, се оди со дисквалификации. Очекував да се надминете себеси и и дека за ваков предлог ќе гласаме со консензус и да се комплетира уставниот суд. Очекувам барем дел од вас дека ќе успеат да се надминат и да гласаат за неа, нагласи Калевска Ванчева.

Д-р Ана Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена на 22.02.1973 година во Скопје. Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година).

Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија.

Tags: Павлова ДаневаУставен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ