• Latest
Војо Маневски

И Буџетот е рамка!

February 6, 2024

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

И Буџетот е рамка!

February 6, 2024 09:44
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Во кампањата која ни претстои во наредните месеци ќе се наслушаме разни поими кои не се дел од нашиот секојдневен говор. За рамката што ни е доделена од ЕУ секако ќе има низа од разни толкувања и предлози. Но, тоа да го оставиме за митинзите и партиски поттикнатите аналитичари.

Во овој текст сакам да направам поврзаност со една друга рамка и за нејзината содржина да поставам неколку тези за дебата. Буџетот за идната година е донесен а тој е рамка или план за прибирања на средства во државната каса и план за нивното трошење. Се прашувам, има ли некаква поврзаност на нашиот буџет со ЕУ?

Овој буџет ќе важи до следната година. Бидејќи сите прогнози се дека Влада може да се формира најрано во втората половина на годината, ребалансот е можен дури некаде на есен и тоа само доколку нема изненадувања и проблеми околу составување на новата Влада. Овој текст го пишувам за граѓаните да имаат сознанија кога слушаат разни ветувања за брзи измени во макроекономијата и подигање на стандардот и барем приближно да знаат што е можно а што неможно и врз таа основа да препознаат кој тоа, ај да не кажам дека лаже туку – не ја кажува потполната вистина. Едно е сигурно – што и да ветуваат политичарите, во реалноста подоцна ќе мора да се држат до предвидените ставки на буџетот на државата.

Во воведниот дел на буџетот за 2024 година се ставени сите бројки и проценки за движењето на  економијата за оваа  година. Со проценките нека се занимаваат експертите по макро економија, овде ќе ги претставам бројките од кои може да се извлече разбирлив заклучок.

Еве од почеток. Државната каса идната година ќе изнесува во приходната страна 310,1 милијарди денари (5,03 милијарди евра), а на расходната 343,6 милијарди денари (5,5 милијарди евра). Буџетскиот дефицит е планиран со стапка од 3,4%.

Како ќе се пополнува буџетот до овој износ? Владата предвидува проширување на даночната основа а не зголемување на даноците. За да го постигне предвиденото собирање на средства ќе мора да ја интензивира борбата со сивата економија и корупцијата. Предвидениот раст може да се преполови ако не се смени вкупната атмосфера во општеството и пред сѐ  ако не се подобри функционирањето на институциите на државниот апарат. Тоа е нужно за да се соберат предвидените 178,1 милијарди денари како даноци. Ако не се остварат предвидувањата за зголемување на бројот на вработените и растот на платите, предвидените 100 милијарди денари собрани од придонесите исто можат да бидат ризик за остварување на приходниот дел на буџетот.

За да се платат придонесите мора да се обезбедат средства за вработените и во реалниот сектор и за оние  кои плата земаат од буџетот, но пред сѐ да се овозможи зголемување на економската моќ на компаниите да го зголемат бројот на работните места и да исплаќаат поголеми плати на вработените. Делот со платите на административците е повеќе математичка операција отколку економска категорија. Префрлувањето од џеб во џеб само условно генерира додадена вредност. Преостанатите 32 милијарди денари се од други извори на буџетот. Економистите знаат дека ако економскиот раст е премногу заснован врз потрошувачката,  целата економија е изложена на удари од предвидени и непредвидени кризи кои не завист само од внатрешните состојби туку и од економските и политички движења во опкружувањето. Владата оваа состојба ја објаснила како поликризно глобално опкружување.

На што ќе се троши буџетот?

Во буџетот за 2024-та се предвидени расходи за исплата на плати на јавниот сектор во износ од 41,2 милијарди денари. Оваа сума е проектирана за плати на постојните вработени во јавниот администрација а нови вработувања може да има само врз основа на пополнување на испразнетите работни места. Потребите за пополнување на потребните работни места ќе се врши и со мобилност од разните сектори во рамките на администрацијата. Ова е многу важно да се спомене бидејќи е вообичаено во текот на кампањата политичките партии на партиските активисти да им ветуваат купишта вработувања. Но, нема да може драги пријатели! Предвидените ставки во буџетот за 2024 не го овозможуваат тоа. Растот на платите е предвидено да биде во склад со колективните договори во секторите и ништо повеќе. И да се вети некој ребаланс за таа намена, невозможно е да се одржи такво ветување.

За пензии се предвидени 83,6 милијарди денари. Нивниот раст е вклопен според законот за раст на пензиите. Здравствената заштита се зголемува за 45 милиони евра а се менува и моделот за субвенционирање на земјоделието со воведување на критериуми базирани врз остварениот принос и дополнителна поддршка за стратешки важните култури и производи.

Да не го обременувам текстот со премногу бројки, заинтересираните можат да ги погледнат и самите, бидејќи овој најважен документ за државата за оваа година е транспарентен и достапен за сите граѓани.

Интересно е што во предвидените средства и програми како дел од антикризните мерки за превенирање на можните кризи се предвидени и можности за кредитирање на економските субјекти. Ако се погледнат договорените кредитни линии за поддршка на економскиот развој, ќе се види дека сите се од европските институции или од фондовите на членките на Европа, на пример Француската Развојна Агенција. Чекај, чекај, да не заборавам да прашам, рамката за уставните измени кој ја состави ? Од кого сега бараме пари за поддршка на развојот? Сметам дека Европа не е шведска маса па да си земеш што сакаш. Што мислите вие почитувани читатели, опциите за помош, безусловни се или имаме и некои обврски? А што велите, да се откажеме од помошта од тие што не нѐ почитуваат? Или подобро не…

Капиталните инвестиции се вложување во одржување и раст на економијата на една држава. За да се остварат зацртаните цели мора да се инвестира во развојот за да се соберат средства за следната година. Буџетски дефицит е со големина од 3,4% од БДП. Да појасниме дека тој процент е од бруто домашниот производ а не од износот на усвоениот буџет. Тие средства се собираат со земање на кредити, грантови обврзници, на странски пазар или издавање на обврзница на домашен.

Домаќинското планирање вели дека тој не би требало да биде поголем од проектираниот раст на БДП. Нашиот буџетски дефицит има два дела. Едниот е за враќање на досегашните задолжувања и другиот дел за капитални инвестиции. За  исплата на камати за досегашните долгови ќе се одвои 1,7% од буџетскиот дефицит. Има едно златно правило кое вели дека вкупните инвестиции мора да се поголеми од дефицитот.

За тоа се предвидени 187 милиони евра како дополнување во инвестициите над буџетскиот дефицит. Во буџетот се наведени проектите каде ќе бидат инвестирани тие средства, заедно со износите предвидени за нив и јавноста веќе е запознаена. И овде средствата ќе бидат позајмени од европските фондови а можеби и комерцијални банки (ах, пак таа Европа). Овде се појавуваат и Светската банка и ММФ со кои се склучени аранжмани. Оние што се познавачи на овие финансиски институции знаат чие е најголемото влијание при договарањето со нив. Да ја прашаме ли госпоѓа Легард или Кристалина Георгиева?

Отплатата на долгот од 45 милијарди денари ќе се финансира преку домашно и странско задолжување. Домашното задолжување е предвидено преку хартии од вредност. За оваа проблематика и местото на домашните банки на домашниот финансиски пазар и нивното влијание врз целокупниот политички живот пишував досега барем десет пати. За да се зголеми маневарскиот финансиски простор  направено е репрограмирање на доспеаните долгови од странство.

Од една страна тоа е добро поради можноста да се располага со поголеми средства за капитални инвестиции, но се зголемува крајниот износ за отплата на камати. Со умешно водење на политика на движење на буџетот овде можат да се заштедат средства кои можат да се планираат за други ставки. Овде да поставам прашање за дебата. Што предвидуваат опозициските партии и каква политика предлагаат за оваа тема? Не е прикладно за говор на митинг ама е многу важно. А што велите да направиме еден поголем притисок врз банките, убаво звучи, нели? Ама само за ушите на публиката на митинг, не во реалните односи.

Листата на финансиски институции за овие финансиски аранжмани е повторно слична како и во претходните, а се појавуваат и Германски инвестициски фондови. Значи најголемиот број од нив се европските финансиски  институции. И ај по трет пат – онаа рамката за која вергламе со месеци, чиј предлог беше?

Има ставки кои се однесуваат на финансирање на локалната самоуправа и според законот процентот се зголемува по двата основа – како дел од ДДВ и дел од средствата прибрани од персоналниот данок.

Не ми беше целта да ви ги набројувам ставките и структурата на буџетот туку да ви посочам дека и овој буџет е составен од она што како граѓани ќе го платиме низ даночните закони, но сѐ уште голем дел е кредит или друга позајмица од странство. Значи потребни ни се средства од надворешни извори за да ја поминеме годината и да овозможиме  развој на економијата. Во најголем дел тие средства ги позајмуваме од ЕУ како заедница или од нејзините членки како поединки. Имаме средства што ги добиваме од САД  по основ на стратешкиот договор или како помош, како влог во нашата ама и колективната безбедност како земја членка на НАТО. Од органите на ЕУ добивме патоказ по кој треба да се движиме на патот до полноправна членка. Ама… ако се однесуваме како да сме самодоволни и одржливи од сопствени средства, а не сме, тогаш ќе мораме да се загрижиме за сопствената искривена слика.

Мојов текст е само редење на фактите за да имаат моите сограѓани појасна слика пред надоаѓачките кампањски изјави и најави. Во економијата има едно правило кое вели дека потполн сопственик над нештата си само откако ќе ја исплатиш и последната рата од кредитот. Моите новоселци велат дека ќесето со пари има две намени. Втората е да вадиш пари од него, ама тоа не може ако не е исполнета првата – да ставаш во него. Значи буџетот, како државно ќесе, не е бркни земи си, туку план за негово полнење, па дури потоа празнење.

Имајте го ова на ум и не верувајте секому! Колку што знам, алхемичарите се сѐ уште само мит, или уште сакате да верувате во бајки? Да не испадне како приказната за госпоѓицата – а бе јас знам дека ме лаже, ама убаво ми е!

Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ