• Latest

Година на труење со гнев, закани и омраза

January 6, 2017
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Година на труење со гнев, закани и омраза

January 6, 2017 12:38
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

 

Кога би имала опција за отстранување на сите душевни болки и рани што ни ги предизвика 2016 година, од сé срце би ги избришала…

hqdefault-1
Пишува: Валбона Река

Да бев писателка, ќе напишев еден роман, како оние од Достоевски или Балзак. Ако ме прашате, кому би му ги посветила тие страници, стихови, еве ќе ви кажам: ќе ги посветев на убиството на малиот Алмир, на мајките што не се спасија во породувањата и нивните бебиња што не успеаја да го запознаат животот, на гладните семејства, на бегалците што ги преполнија улиците низ светот и на нашата држава…

Ќе пишував за семејствата што ги доживеаја разните природни катастрофи и кои сé уште немаат покрив над главите, за невините жртви кои претставуваат едно големо ништо во очите на платениците и нарачателите, и кои сега се распаѓаат под земја, или бегаат, или невини лежат по затвори…

Мојот роман би го посветила на многу болки. Главните, негативни протагонисти, предизвикувачи на овие страдања, ќе беа криминалците и корумпираните, коишто освен личната придобивка, немаа никаков идеал и визија за нашата држава. Тие немаа ниту желба, ниту волја да направат сите граѓани да бидат третирани како еднакви човечки битија, независно од етничката припадност или јазикот на кој говорат. Овие актери константно ги хранеа и труеја граѓаните со гневни рефрени, закани и омраза. Од сето ова не бевме поштедени, со наши уши ги слушнавме во прислушуваните разговори, и сé уште ги слушаме на нивните јавни настапи. Оваа комплетно погрешна реторика, не само што ги замрзнува меѓуетничките односи, туку направи и внатре-етнички поделби.

Друга точка која би ја опишала, и што всушност, ме прави достоен борец за чиста и здрава животна средина, е загадениот воздух, отровот што секојдневно го вдишуваме. Ќе пишував и за узурпацијата на парковите со многубројни и грди градби кои постојано ги отежнуваат условите за живот на граѓаните. Ќе пишував и за спомениците што предизвикуваат омраза кај другиот. Ќе пишував за запоставените села…

Но, сепак, ќе кажам дека во 2016 година доживеав и големи позитивни промени. Гласот на слободниот говор одекна и тоа е единственото светло во темниот тунел, во темнината за која мислевме дека е бескрајна. Тоа е храбриот глас на неколку млади девојки и момчиња, жени, мажи, студенти…, кои започнаа со движењето за промени.

Романот ќе им го посветев и на оние кои имаа храброст да ни ги отворат очите, водителите во една поинаква иднина, за една, единствена држава со еднакво третирани граѓани.

Ќе пишував за отворени умови, толеранција, почит и љубов…

Мојата порака за крај: Оваа наша држава, ваква шарена, треба да ја цениме и почитуваме токму заради тоа. Овие предности треба да ги негуваме. Затоа што убавината на живеењето е токму во различноста, шаренилото, во учењето на јазиците и културите на другите, во почитта кон другиот за тоа што тој е, и, во почитта кон животната средина и природата.

За посреќни денови во Новата година!

 

(Авторката е еко-активистка. Во колумната се изнесени лични ставови на авторката.)

Tags: Алмирбегалцигладни семејствазагаден воздухпозитивни променипочиттолеранцијашарена држава
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ