• Latest
Проф. д-р Катерина Колозова (фото: ЦИВИЛ)

Формирано Граѓанското собрание на Европа: Европа не е цела ниту во цивилизациска ниту во безбедносна смисла, доколку не е интегрирана

February 16, 2024
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија

August 27, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на
The White House

„Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

August 27, 2025

Јагода и вестите

August 27, 2025

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

ОН бараат правда за двојниот израелски напад врз болница во Газа, во кој загинаа пет новинари и четири здравствени работници

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Формирано Граѓанското собрание на Европа: Европа не е цела ниту во цивилизациска ниту во безбедносна смисла, доколку не е интегрирана

Граѓаните на Европа за антикапитализам во контекст на новата планетарна политика

February 16, 2024 07:30
in ПОЛИТИКА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. д-р Катерина Колозова (фото: ЦИВИЛ)

Проф. д-р Катерина Колозова (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

КАТЕРИНА КОЛОЗОВА

На иницијатива на Институтот Бергруен-Европa (или Berggruen Institute – Europe со седиште во Венеција, LINK: http://tinyurl.com/32ts9dva), во Гранада, за време на средбата на Европската политичка заедница, на 3-5 октомври 2023, се одржа двоен настан:

  • семинар под наслов Проширена Европа како цивилизација на договор. Може ли Европа да биде лабораторија на новата планетарна политика? [An Enlarged Europe as a civilization of consent. Can Europe be a laboratory for a new planetary politics], и
  • основањето на Граѓанското собрание на Европа.

Семинарот кој го одржавме (во кој учествував и самата, заедно со Леа Јипи, Николо Миланезе, Лоренцо Марсили, Сања Бојаниќ и многу други интелектуалци и активисти, бројни влијателни мислители, т.н. јавни интелектуалци и практичари од сите страни на Европа), беше основата за еден вид Манифест кој основачката група на Собранието на граѓаните на Европа може да го користи на свој начин за понатамошна мобилизација. На четам хаус принцип се договоривме дека од заедничкиот документ, секој од нас има право да го земе делот кој за својот контекст или кауза може да го смета за најзначаен и да го трансформира во сопствена платформа за акција.

Основната идеја која и документот и идејата на Граѓанското собрание на Европа (што е исто можен превод на Citizens’ Assembly of Europe) е дека Европа не е цела ниту во цивилизациска ниту во безбедносна смисла, доколку не е интегрирана – формата наречена ЕУ е главниот механизам, кој секако не го маргинализираме, но, сепак, сакаме да потенцираме дека не мора да е единствениот. За да се реализира заложбата „обединет континент е нужност“, особено во контекст на новиот геополитички концепт наречен „планетарна политика,“ граѓаните имаат право да изнаоѓаат нови и смели форми на обединување, и тоа оддолу нагоре и по пат на партиципативна или директна демократија.

Првата и конститутивна средба на Граѓанско собрание на Европа го признава и препознава ова како можност, но не сака да го подрие процесот на ЕУ проширување – за сега ова е единствената најмоќна алатка на ефективно интегрирање на граѓанството на Европа кое е антинационалистичко, антикапиталистичко и го препознава наивитетот на 19-вековниот суверенизам во ера на т.н. „планетарна“ (не веќе глобална) геополитика.

Геополитиката е, пак, широк поим и се сведува на технолошки натпревар како економски планетарен натпревар, а, овој пак, овозможува, и безбедносна геополитичка предност. Анти-империјализмот насочен кон САД или кон Русија или кон Кина, денес, е применлив само од позиција на европски граѓански суверенитет, нациите држави во својата стара форма не можат ништо сами (дури и најголемите). Затоа имаме планетарни играчи во мултиполарен свет, а Европа може да се одржи и зајакне како таков планетарен играч – нејзината национална фрагментираност може да биде погубна и за континентот и за нациите држави на него.

Граѓанското собрание на Европа бара Европската политичка заедница да биде вистински политичка: на секој граѓанин на Европа да му овозможи граѓанство во ЕУ, ЕЕА, или да креира друга форма, согласно премисите на Европската политичка заедница. Само граѓаните, односно Собранието на граѓани на Европа може да даде легитимитет на политичката заедница, а не обратно.

Граѓанското собрание на Европа охрабрува разбирање на регионите според нивната физичка, економска и друга материјална блискост, наместо според технократската логика (на пример, Западен Балкан има помалку смисла отколку Југоисточна Европа и нејзините подрегиони).

Собранието се залага не само за социјална правда, туку за надминување на напреднатата фаза на капитализмот. Бидејќи овој пресврт се планира како процес врзан за технолошкиот развој, промената ќе биде на принцип на „непрекината револуција“, или со други зборови – забрзаниот капиталистички развој сам ќе нè доведе до „конечната контрадикција“ на капитализмот.

Собранието на граѓани на Европа цврсто се залага за класна правда, социјална правда која ги вклучува сите малцински права, од LGBTQI и женски права до луѓе со посебни потреби, од културни и мигрантски малцинства и други човекови права до права на животните. Пристапот на Собранието се разликува од мејнстрим дискурсот на оваа тема, бидејќи критиката на капитализмот е хоризонталната вредност која ги пронижува сите други споменати права.

Собранието на граѓаните на Европа не припаѓа на мејнстрим дискурсот во поглед на методологијата и конзумеристичкиот модел на одбрана на идентитетските политики која ја практикуваат мултинационални компании и бројни центристички влади.

Секој кој ја прифаќа оваа идеја, има право да се приклучи на Собранието, преку приклучување на македонското крило во рамки на оваа неформална иницијатива – штом тоа ќе сметаме дека се формирало такво крило. Во моментов, моделот се тестира преку проект-експеримент во рамки на Европскиот универзитетски институт во Фиренца. Уште еднаш, да подвлечеме, оваа иницијатива не подразбира формална регистрација, организација или раководство: процесот на мобилизација е пленумски, хоризонтален и децентриран.


Проф. д-р Катерина Колозова е основачка членка на Citizens’ Assembly of Europe.


Текстот е личен став на Авторката. Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Достапен според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: антикапитализамЕвропска политичка заедницаЕУ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ