• Latest

Синдикалци: Разрешениот претседател Митревски е фалсификатор!

January 10, 2017

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Синдикалци: Разрешениот претседател Митревски е фалсификатор!

January 10, 2017 17:04
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Четирите грански синдикати СИЕР, УПОЗ, Агро Синдикат и СУТКОЗ се решени да ја продолжат борбата низ институциите, бидејќи се уверени дека аргументите и правото се целосно на нивна страна. Затоа, во текот на утрешниот ден ќе побараат прием кај министрите во Министерството за труд и социјална политика и во Министерството за внатрешни работи, за да добијат одговори – како е поништено решението за именување на Дарко Димовски, односно, кој издаде наредба полицијата да влезе во зградата на ССМ и да не дозволува да влезат вработените во синдикатот“, се вели во соопштението до медиумите на четирите грански синдикати, кои се конфронтираа со поранешниот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски.

„На прес-конференцијата што (Митревски–н.з) ја одржа вчера, се виде кои гранските синдикати го поддржуваат, бидејќи го придружуваа три нелегитимни претседатели, каков што впрочем е и тој самиот. Претставникот на Македонскиот полициски синдикат е со завршена функција и тој е технички претставник без легитимно право да зборува во својство на претседател. Претставникот на Синдикатот на одбраната со фалсификувано решение и заведен спор по тој прекршок, бесрамно се претставува за претседател на Синдикатот на одбраната и безбедноста. Разрешениот секретар на ССМ и претставник на Синдикатот за сообраќај и врски го загуби спорот пред Управниот суд за неговата претседателска фукција во тој синдикат. Ваквите состојби и спорови во овие синдикати се резултат на директното влијание и упадите на Живко Митревски“, тврдат синдикалците.

Состојбите во ССМ ескалираат по разрешувањето од должноста на Митревски, на гласањето на претставниците на гранските синдикати – членки на ССМ, по што  Централниот регистер одбиваше да го впише новото раководство на чело со в.д. претседателот, и покрај решението на тогашната министерка за труд и социјала Фросина Ташевска Ременски. Минатиот четврток, новиот министер од Сојузот на Ромите, Ибрахим Ибрахими, го поништи решението, а во петокот во пет часот наутро, ангажирано агенциско обезбедување од Митревски, насилно влегло во просториите на Синдикатот и ги избркало претставниците на гранските синдикати, од кои дел, меѓу кои и новоизбраниот в.д претседател на ССМ, Димовски. побарале и лекарска помош во болница.

Гранските синдикати денес ја информираа „јавноста, членови на синдикатите и граѓаните дека Работничкиот дом од вчера, повеќе не е дом на работниците, туку дом на криминалот и злоупотребите. Денес во него не влегуваат работници, туку само платениците кои го штитат Живко Митревски од сопствените членови, а на вработените, на синдикатите СИЕР, УПОЗ, АГРО и СУТКОЗ не им дозволуваат влез во сопствената куќа“.

Гранските синдикати претходно ги повикаа „членовите на синдикатите, работниците и граѓаните кои се подготвени да ни дадат поддршка, да дојдат пред зградата на ССМ и да му кажат збогум на Митревски, да му покажат дека местото му е надвор од ССМ и дека власта нема да може уште долго да го држи на апарати и вештачки да го одржува во живот“.

Според четирите грански синдикати, Митревски продолжува со нападите врз нивните претседатели и раководства „со единствена намера да ја заштити својата кожа од криминалите кои ги има направено, употрбува термини како фалсификатори, пензионери, злосторничко здружување, но во суштина, тој е вистинскиот и единствениот фалсфикатор. За сите овие изнесени невистини процесуирани се соодветни кривични пријави, за кои бараме веднаш да се започнат постапките, за што побрзо да се разоткрие вистината“, се вели во соопштението.

Tags: МакедонијаработницисиндикатССМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ