• Latest

Мадиќ од Загреб: Европа е нашата иднина, нема да се откажеме од европскиот пат

February 19, 2024

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мадиќ од Загреб: Европа е нашата иднина, нема да се откажеме од европскиот пат

February 19, 2024 15:46
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ учествува на дводневната меѓународна Конференција ,,Иднината на проширувањето на ЕУ: Правосудство и темелни права” која се одржува во Загреб.

Во присуство на голем број министри за правда на земјите канидадати и потенцијални кандидати од Западен Балкан, Мадиќ во своето обраќање се осврна на приоритетите на нашата држава и проширувањето на ЕУ кој е еден од најважните процеси кои се клучни за нашата иднина.

,, Мора да бидеме обединети сега повеќе од кога било, особено во заштитата на нашата безбедност и почитувањето на владеењето на правото. Да се фокусираме на спроведување на клучните реформи и да докажеме дека кај земјите од Западен Балкан е присутна волјата да ги прифати европските амбиции и дух. За да одат напред земјите од Западен Балкан, потребно е ЕУ да стои цврство на својот став околу политиката на проширување, а со тоа и да одговори на нашите предизвици, односно да биде подинамична со јасен стратегиски концепт, а од друга страна да продолжи процесот на обезбедување огромна поддршка на земјите од Западен Балкан”, рече заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ.

Мадиќ ја поздрави иницијативата на Европската Унија за вклучување на Република Северна Македонија во Извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото, се вели во соопштението од Владата.

Овој чекор на Европската Унија претставува воспоставување на еднаква основа со земјите-членки во поглед на следењето на тековните реформи и ќе биде од особено значење за нас во процесот на забрзана интеграција.

,,Република Северна Македонија изминатиот период успеа да се избори за значително подобрување на односите со соседите, враќање на довербата во правосудниот систем и постигнување поголем економски и културен развој. Во Скрининг Извештајот за Првиот кластер- Фундаментални вредности е дадена оценка на степенот на подготвеност и усогласеност на националното законодавство. Интензивно сме посветени со сите наши капацитети за подготовка на Патоказот за Владеење на правото кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до нашата крајна цел – завршување на преговорите до 2030 година”, порача Мадиќ

Tags: Викторија Аврамовска МадиќЕУЗагреб
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ