• Latest

Комисијата за европски прашања го поддржа предлог законот за правда на децата

February 20, 2024

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Комисијата за европски прашања го поддржа предлог законот за правда на децата

February 20, 2024 14:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Со осум гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“, членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска дадоа поддршка да помине во понатамошна собраниска процедура Предлог законот за правда на децата.

Муамет Точи, државен секретар во Министерството за правда истакна дека Предлог  законот за правда на децата е дел од стратешката определба на МП за натамошното целосно и фактичко остварување на правата на детето преку правда по мерка на децата како основно начело на Конвенцијата за правата на детето. Информира дека изработката на овој закон бил инклузивен процес при што учествувале сите субјекти во системот на правда за децата, вклучително УНИЦЕФ и невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика.

– Основна цел на предложениот закон е надградување на правната рамка за правата на децата со цел доследно почитување на принципот на најдобар интерес на детето и транспонирање на директивите на Европската унија кои се однесуваат на процедурални заштитни мерки на децата кои се осомничени или обвинети во кривична постапка и утврдување на минимални стандарди за правата, поддршката и заштитата на жртвите на криминал, посочи Точи.

Со предложениот закон, рече тој, направен е исчекор во додефинирање на начелото на најдобриот интерес на детето согласно Општиот коментар бр.24 на Комитетот за правата на детето и вградени се одредби за недискриминација согласно Законот за превенција и заштита од дискриминација.

-Во членот 12 во предложениот закон е вграден основното начело за примена на мерката лишување од слобода спрема дете како последно средство во постапката и само под услови и во траење определени со овој закон. Во членот 97 и 98 од предложениот закон е транспонирана директивата на Европскиот Парламент за процедурални заштитни мерки за децата осомничени или обвинети во кривична постапка и во нив се утврдува правото на дете на поука за правата и правото да бидат придружувани од родителите, односно старателот во текот на испитувањето пред органот што ја води постапката или од друго полнолетно лице определено од детето, рече тој.

Според Точи, со предложениот закон се реафирмира примената на рестротивна правда, односно вон судските постапки за дејствие на детето што со закон  е предвидено како кривично дело или прекршок и се зајакнува улогата на центрите за социјална работа во примена на овие постапки.

Независната пратеничка Санела Шкријељ истакна дека овој предлог-закон е законска реформа што ќе доведе до фер систем на правда и можност во целост децата да можат да ги остваруваат своите права.

-Систем на правда што ќе се темели на пристапот на неказнување, ресторативна правда, односно да се фокусираме на превенцијата а не на казнувањето. Интересот на детето да биде поставен на највисок пиедестал, рече Шкријељ.

Комисијата за европски прашања ја почна расправата по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка. Потоа, заменик-координаторката на ДУИ Вјолца Адеми Латифи во процедурално обраќање побара пауза од половина час, по што претседателот на Комисијата Арбр Адеми одговори позитивно на нејзиното барање.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ