• Latest

Обраќање на 60 албански интелектуалци: Бараме можност за спас!

January 16, 2017

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Обраќање на 60 албански интелектуалци: Бараме можност за спас!

January 16, 2017 14:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Се наоѓаме во еден многу деликатен момент, а постојат и сомнежи дека продолжуваат игрите на сегашната власт, за да ги сочува своите позиции и да ја избегнат одговорноста за тоа што придонела за ситуацијата во која се наоѓа нашето општество. Чувствувајќи дека игрите продолжуваат, даваме до знаење дека сме за промени, за нормално, цивилизирано општество каде што треба да припаѓаме. Тоа е нашата грижа, да бараме можност за спас. На крајот на краиштата, голем број гласачи во државата се определи за промени на целиот овој систем“, изјави во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, професорот Сабахудин Жута, Д-р Жута е еден од потписниците на апелот на 60 албански интелекуалци кој се однесува на водењето преговори за формирање нова влада,. Во обраќањето до македонската јавност, тие потенцираат неколку, за нив, клучни елементи.

„Треба да се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ сé уште се води од луѓе кои имаат одговорност за катастрофалната состојба во секој сегмент од општествено-политичкиот живот и како такви, тие не уживаат кредибилитет за и понатаму да ја водат државата. Тука се сомневањата и обвиненијата за нивното опфаќање во мегаскандали, уривање на институции, уривање на евроатланските интеграции и газањето по човечкото достоинство.

Економската и социјалната состојба во државата е доведена до беда, поради што од државата се иселени речиси една третина од населението, најмногу млади, витални луѓе, за кои многу е потрошено за сега нормалните држави да ги добиваат како готов производ.

Поголемиот дел од гласачите во целата држава се определиле за промени, а кај албанскиот дел, дури двојно повеќе се определиле за промени во споредба со тие кои гласаа за постојната состојба.

Огромен дел од гласовите што ги има добиено ВМРО-ДПМНЕ се некредибилни и нелегитимни, оти се обезбедени не по заслуга, туку со понижување, со измами и со заплашување на гласачите од другите етникуми во државата со Албанците, работа која длабоко има допрено во душата на секој Албанец.

Долгот на државата е дуплиран, а живеачката е преполовена. Сега, секој граѓанин и секое дете што се раѓа, должи 2,5 илјади евра и дополнителни 2,5 илјади евра што му се украдени. Ова ќе има несогледливи последици за наредните генерации.

Евентуален договор со кој и да е мандатар, треба да се прави, не со задни намери – со цел зачувување на постојниот режим и на групните интереси, туку со рационален пристап за државата да се ориентира кон демократизацијата, општиот развој, отворањето перспективите, остварувањето на етничката рамноправност и благосостојба, како и интегрирањето на Република Македонија во НАТО и ЕУ“, се вели во апелот.

Објавувањето на апелот предизвика реакции на социјалните мрежи и на дел од медиуите, кои прашуваат зошто Платформата на трите албански партии, не се споменува и не се критикува во писмото.

Д-р Сабахудин Жута

Како одговор на тоа, професорот Жута вели: „Заедничката платформа е реалност, потпишана е од политичките партии и содржината е многу јасна. Сметаме дека за да се помага на општеството, односно државата Македонија, треба да се вградат точките од таа платформа, која треба да се имплементира што поскоро. Во точката шест од нашиот апел, не децидно како во Платформата, но суштината е опфатена. Тие што се упатени во тоа, можат да забележат дека Платформата е вклучена во нашиот апел“.

Марија Теговска

Tags: албански интелектуалциапелвладаизбориМакедонијаплатформаСабахудин ЖутаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ