• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Претседателските кандидати ги добија броевите на избирачкото ливче; се раскинуваат стари, се формираат нови изборни коалиции

March 26, 2024
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Претседателските кандидати ги добија броевите на избирачкото ливче; се раскинуваат стари, се формираат нови изборни коалиции

March 26, 2024 13:00
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Изминатиот викенд, и веќе на почетокот на работната недела, се интензивираат активностите во однос на подготовките за претседателски избори, како и на парламентарните. Претседателските кандидати, со добивање на редните броеви во избирачките ливчиња, се практично пред официјалната предизборна кампања, која треба да започне на 4 април.

Дел од партиите што ќе учествуваат во парламентарните избори на 8 мај, почнаа со претставување на своите програмите. Се формираат нови, а се раскинуваат постоечки коалиции, со што постепено се добива конечниот облик на фронтот на изборната трка.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ- ПОЗИЦИОНИРАЊА И РЕКЛАМИ

Државната изборна комисија (ДИК), на 21 март 2024 година,  на седница едногласно ги потврди кандидатурите за претседател на Република Северна Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди,  Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно измените на Изборниот законик, од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања на 4 април учесникот во изборната кампања не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања, а учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми.

Државната изборна комисија вчера ( 25 март) ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче. Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.

На изборното ливче имињата на кандидатите за претседател на државата ќе се најдат по следниов редослед:

  1. Стево Пендаровски
  2. Гордана Силјановска Давкова
  3. Стевчо Јакимовски
  4. Бујар Османи
  5. Билјана Ванковска Цветковска
  6. Арбен Таравари
  7. Максим Димитриевски

Во продолжението на седницата, јавноста се информираше за пристигнати понуди за рекламни паноа и билборди врз основа на чл. 78 а од Изборниот законик за спроведување на Изборите за претседател на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 24 април 2024 година.

Пристигнати се понуди од следните понудувачи:

  1. Ок Медиа ДООЕЛ, Лид Комјуникејшнс ДОО, Медиа Маркетинг ЛТД ДОО, Техномакс Р ДООЕЛ, Фотомак биг принт ДООЕЛ, БУСТ ДООЕЛ, Арт Медија ДООЕЛ, Метрон Трејд ДООЕЛ, ПРАГ 33 ДООЕЛ, Скрин Медиа, 2С Медиа увоз-извоз ДООЕЛ, Акцент Медиа ДООЕЛ

Доставените пакети од секој од понудувачите се распределени согласно чл.78-а од Изборниот законик и тоа :

– Пакет 1 – 40% од локациите

– Пакет 2 – 40% од локациите

– Пакет 3 – 10% од локациите

– Пакет 4 – 10% од локациите

Претставниците на понудувачите ги извлекоа пакетите кои се доделуваат на политичките партии на власт или во опозиција како и на парламентарните партии кои немаат пратенички групи и вонпарламентарните партии.

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ- ПРОГРАМИ И КОАЛИЦИИ

За време на викендот, најголемите партии презентираа програмите за парламентарните избори, а дел ги промовираа и носителите на листите за пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ  ја промовираше изборната програма за претстојните избори, а СДСМ во саботата одржа конгрес на кој ги промовираше носителите на кандидатските листи за пратеници.

„Платформа 1 198“ на ВМРО-ДПМНЕ се потпира на пет клучни столба, а доминантна во програмата, како што посочи лидерот на партијата Христијан Мицкоски, е економијата, најавувајќи меѓу другото укинување на балансерот, реорганизација на институциите и нови министерства за енергетика и за социјална политика, демографија и млади.

Лидерот на СДСМ,  Димитар Ковачевски, посочи дека нивната програма  се заснова на неколку столба – европски плати и животен стандард, достоинствен живот за пензионерите и поддршка за младите, силна домашна економија и модерна европска инфраструктура. Најави новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата и по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.

Ковачевски вети и  завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.

Под мотото „Силно, одговорно и чесно за пристоен живот и европска иднина“ и НСДП го одржа Шестиот конгрес, на кој најави поддршка за актуелниот претседател Стево Пендаровски, како и учество во Европската коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

Централниот одбор на ДОМ донесе одлука претседателката на партијата, Маја Морачанин да биде кандидат за пратеник на шестата позиција на заедничката листа на коалицијата предводена од СДСМ во Првата изборна единица.

Партијата „Достоинство“ излезе од коалицијата предводена од СДСМ.

Лидерот на Достоинство,  Стојанче Ангелов посочи дека од коалицијата излегуваат поради неисполнети очекувања за надминување на горливиот проблем со кој сѐ уште се соочуваат необесштетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители.

Конвенција за презентација на претседателскиот кандидат и носителите на листи за пратеници одржа и партијата ЗНАМ.

Според Димитриевски, потребен е баланс во општеството и политиката, а од голема важност за нормалното функционирање на државата има дефиницијата на соживот, со што, како што нагласи, мора да гради реално мултиетничко општество.

Демократската унија за интеграција (ДУИ)  потпиша договор за коалицирање За коалицијата наречена Европски фронт со Мендух Тачи од ДПА, Аријанит Хоџа од Европска демократска партија и Скендер Реџепи-Зејди од партијата Народно движење.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека очекува голема победа, која ја оцени како најголема кај Албанците во Македонија од независноста на држава.

Подготви: Д. Тахири во соработка со ЦМТ

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ