• Latest

ЕК подготви Упатство за ублажување на онлајн ризиците по изборните процеси

March 27, 2024
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕК подготви Упатство за ублажување на онлајн ризиците по изборните процеси

March 27, 2024 14:05
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисијата изработи Упатство со препорачани мерки наменети за „многу големите онлајн платформи“ со цел ублажување на системските ризици на интернетот што би можеле да влијаат врз интегритетот на изборните процеси, со посебни конкретни насоки за јунските избори за членови на Европскиот парламент.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), Европската комисија минатата година на веб страниците, социјалните мрежи, пребарувачите и сајтовите за е-трговија кои имаат повеќе од 45 милиони активни корисници во Унијата, им додели статус на „многу големите онлајн платформи“, со што тие имаат обврска да се придржуваат на низа правила, вклучително и да ги ублажат потенцијалните ризици поврзани со изборните процеси, притоа штитејќи ги основните права и правото на слобода на изразување.

Според извршната потпретседателка на Еврокомисијата за Европа прилагодена на дигиталната ера и еврокомесарка за конкуренција Маргрете Вестагер, целта на усвојувањето на Законот за дигитални услуги беше да се обезбеди дека модерните технологии работата во интерес на луѓето и на општествата.

– Упатството дава конкретни препораки за онлајн платформите како да ја почитуваат оваа своја обврска во пракса, истакна Вестагер.

Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон, пак, оцени дека Упатството има за цел да обезбеди спречување на злоупотребата на интернет платформите за манипулација со изборите.

– Со Законот за дигитални услуги, Европа стана првиот континент што има закон за справување со системските ризици на онлајн платформите кои можат да имаат негативни ефекти во реалниот свет и врз нашите демократски општества, додаде Бретон.

Мерките во Упатството вклучуваат зајакнување на внатрешните процеси и правила на платформите за ублажување на ризиците специфични за изборите, вклучително и промоција на официјални информации за изборните процеси, поттикнување на медиумска писменост, намалување на виралноста на содржини што можат да го загрозат интегритетот на изборите, како и јасно посочување на платените политички реклами.

Од платформите се бараат и конкретни мерки за намалување на ризиците од злоупотреба на вештачката интелигенција за политички цели, како и воспоставување на механизам за одговор на инциденти кои би можеле да имаат значително влијание врз исходот или излезноста на изборите.

Дополнително на платформите им се препорачува соработка со институциите на ЕУ, националните власти, независни експерти и граѓански организации за да се поттикне ефикасна размена на информации пред, за време и по изборите, поврзани со обиди за манипулација, странско мешање, ширење дезинформации и загрозување на кибер безбедноста.

Имајќи ја пред вид нивната единствена прекугранична и европска димензија, многу големите онлајн платформи треба да обезбедат доволно ресурси и мерки за ублажување на ризиците по изборниот процес, како и да воспостават тесна соработка со Работната група на Европската опсерваторија за дигитални медиуми (ЕДМО) за следење на европските избори во 2024 година, посочува ЕК.

– Специфичните мерки за ублажување што треба да ги преземе една многу голема онлајн платформа зависат од спецификите на нејзините услуги и профилот на ризик. Упатството претставува збир на најдобри практики за ублажување на ризиците поврзани со изборните процеси во овој момент. Многу големите онлајн платформи кои нема да го следат ова Упатство мора да и докажат на Комисијата дека мерките што тие ги презеле се подеднакво ефикасни во ублажувањето на ризиците. Доколку Комисијата добие информации кои предизвикуваат сомнеж околу соодветноста на таквите мерки, може да побара дополнителни информации или да започне формална постапка според Законот за дигитални услуги, наведува Еврокомисијата.

Со цел проверка на ефикасноста на мерките, ЕК планира кон крајот на април да спроведе стрес-тест со кој ќе бидат опфатени релевантните засегнати страни.

Tags: ЕКЕУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ