• Latest
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Министерството за образование молчи за одлуката на Турција да не ги признава македонските дипломи!

January 24, 2017

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерството за образование молчи за одлуката на Турција да не ги признава македонските дипломи!

January 24, 2017 11:09
in ОПШТЕСТВО
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука не излегува со официјален став, по одлуката на Турција да не ги признава дипломите од Македонија. ЦИВИЛ Медиа се обрати до МОН, но од вчера не добивме никаков одговор за проблемот со кој ќе се соочат стотици студенти.

По обидот за пуч во Турција, турските власти започнаа со процесот на „деѓуленизација“, односно, со жестока пресметка со наводните поддржувачи на Фетула Ѓулен. Турските власти го обвинуваат Ѓулен, кој живее во САД, дека стои зад неуспешниот обид за воен удар во Турција, извршен на 15-ти јули минатата година. По ударот, турските власти, суспендираа и отпуштија околу 80.000 професори, судии, обвинители, полицајци, војници, дипломати и други државни службеници. Кон крајот на јули 2016, турската влада побара од неколку балкански земји да ги затворат училиштата и фирмите за кои се сомневаат дека се поврзани со движењето „Хизмет“ на Ѓулен.

По барањето на Турција за затворање на училишта, универзитети и фирми во Македонија, наводно поврзани со Ѓулен, министерот за надворешни работи Никола Поповски, изјави дека ќе ги подржат барањата на Турција кои ќе бидат поткрепени со закон. „Македонија единствено ги поддржува демократски избраните институции на Турција и во тој поглед, ќе соработуваме со Владата во Анкара, во насока на помагање и на остварување на нивните цели, секако во рамките на нашето законодавство и во рамки на нашите интереси“, рече Попоски.

Сепак, според Сефер Цановски од ФОН, новата одлука нема врска со пучот во Турција, туку е донесена заради лошите реформи во македонското образование.

„Одлуката на Турција да не ги признае дипломите стекнати во Македонија е крах на лошата политика на Република Македонија. Години наназад Турција го опоменуваше МОН ‘да си го исчистат дворот’, да го подобрат образованието, да воведат поголема контрола и да ги подигнат стандардите во универзитетите“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Сефер Цаноски од универзитетот ФОН.

Сефер Цаноски, ФОН

Тој додава дека одлуката на Турција ќе донесе подобро утре и дека македонското Министерство за образование ќе ги поправи недостатоците.

„Сметам дека набрзо ќе се најде решение и студентите/учениците кои стекнаа или ќе стекнат дипломи во Македонија, нема да имаат никаков проблем. Нашиот универзитет има интернационална диплома, (двојна диплома) за странци и одлуката на турските власти не влијае на нашите студенти“ изјави Цановски.

Турција го укина Договорот број 98/11600, потпишан на 6 јули 1998 година меѓу Република Турција и Република Македонија за признавање на дипломите за средно, високо образование, магистерски и докторски студии, и по 11-ти февруари 2017 година, веќе нема да ги признава дипломите стекнати во Македонија.

Како што информираа медиумите во Турција, македонските универзитети чии дипломи повеќе нема да важат се: Европскиот универзитет, Универзитетот „Гоце Делчев“, УКИМ, Американскиот универзитет, Универзитетот на Југоисточна Европа, Битолскиот универзитет, Државниот тетовски универзитет и Универзитетот ФОН.

Дехран Муратов

 

 

Tags: „деѓуленизација“дипломиМакедонијатурцијаФОНЦановски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ