• Latest
Фото/ принтскрин од социјални мрежи

ОБСЕ/ОДИХР: Денот на изборите севкупно е позитивен

April 25, 2024

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ОБСЕ/ОДИХР: Денот на изборите севкупно е позитивен

April 25, 2024 16:22
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Фото/ принтскрин од социјални мрежи

Фото/ принтскрин од социјални мрежи

Share on FacebookShare on Twitter

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Се почитуваа темелните слободи, но како што се приближуваа датумите за гласање реториката стануваше негативна, имаше фрагментација и поделби по етничка линија, имаше ограничено вклучување на жените во гласачкиот процес, што бара поголема посветеност за и тие да бидат вклучени во политичкиот живот. Денот на изборите севкупно беше оценет позитивно при што во голема мера се почитуваа процедурите за гласање, додека во некои случаи при пребројувањето избирачките одбори не ги завршија целосно пропишаните процедури.

Ова се прелиминарните заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија за изборите составена од претставници на ОБСЕ/ОДИХР и Советот на Европа изнесени денеска на прес-конференција.

Џилијан Стирк, шеф на мисијата ОБСЕ/ОДИХР во контекст на законската рамка истакна дека таа е основа за демократски избори, но оти не регулира во доволна мера некои од важните елементи на претседателската трка. Посочи дека неодамнешните измени во Изборниот законик беа воведени преку процес на кој му недостасувало транспарентност и консултации со јавноста.

„Основните слободи беа почитувани во кампањата, но како што се приближуваше денот на изборите, а границите помеѓу претседателската и парламентарната трка почнаа да се замаглуваат, реториката стануваше се’ понегативна и во некои случаи дискриминаторска одразувајќи ја политичката фрагментација и етничките поделби“, посочи Стирк.

Тие кажаа дека во текот на последните неколку недели имале бројни средни, кадешто ги надблудуваа работата на изборните комисии, медиумската содржина, работата на институциите и финансирањето на кампањите.

„Во текот на овој период многу од луѓето со кој што разговаравме опишаа атмосфера на апатичност кон политичкиот естаблишмент. Потребните реформи во судсвото и во јавната администрација се попречени од фрагментацијата и етничките поделби. Повеќе пати слушавме од недоволна политичка волја да се третираат овие прашања од страна на власта или опозицијата“.

Во извештајот има наводи и за распределбата на средствата за кампања. Поврзаноста на распределбата на средствата за кампања и медиумските можности со партиската припадност несразмерно ги фаворизираше кандидатите кои се поврзани со големите политички партии, наведе Стирк.

Таа рече дека набљудувањето на ОДИХР е од 20 март, а покрај нивниот основен тим од стручни лица за што извршуваат надблудување во Скопје, имаат и 20  долгорочни надблудувачи ширум земјата и над 200 краткорочни надблудувачи кои го следаа гласањето.

„Добро беа организирани претседателските избори, кандидатите слободно можеа да се изразат во предизборната кампања. Жал ни е што тоа беше  извалкано со остра реторика, меѓутоа тоа не влијаеше врз севкупната атмосфера на изборите. Разликата овде за разлика од Швајцарија е што гледам поделба по етнички линии што не ни е позната. Меѓутоа ние сме 700 години стари, така што сме имале веројатно повеќе време да најдеме начин како да соработуваме едни со други во однос на партиите, но и на мултиетничко ниво“, изјави Алфред Хир од Прламентарното собрание на Советот на Европа.

Меѓународната набљудувачка мисија ќе го проследи и вториот круг на претседателските избори заедно со парламентарните избори на 8 мај, а конечната оценка за претседателските и парламентарните избори ќе бидат објавени два-три месеци по завршувањето на изборите.

Назми Абдурахмани во соработка со Биљјана Јордановска

Tags: „избори“ОБСЕ/ОДИХРПретседателски избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ