• Latest
Фото: МИА

Османи по повод 55 години МНР: Членки сме во сите важни регионални и меѓународни организации и кредибилен фактор во глобални рамки

April 29, 2024
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани во Нови Сад ја одбележаа годишнината од операцијата „Олуја“

August 5, 2025

Дождот ги изгасна сите пожари во земјава

August 5, 2025
Наводна слика од запален вагон на железничката станица Салск во Ростовската област на 29 јули 2025 година, за време на голем украински напад со беспилотни летала врз регионот. Фото: Elilenova_plus/Telegram

Железничката станица во руската Ростовска област цел на масивен напад на украинските дронови, 2 руски рафинерии го намалија производството по нападите врз нафтената инфраструктура

August 5, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Нетанјаху ќе побара „целосно освојување“ на Газа, преговорите за прекин на огнот стигнаа до ќорсокак

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи по повод 55 години МНР: Членки сме во сите важни регионални и меѓународни организации и кредибилен фактор во глобални рамки

April 29, 2024 12:14
in ВЕСТИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

И покрај условеноста од комплицираните регионални и меѓународни случувања успеавме Северна Македонија да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена како активен, доверлив и кредибилен фактор во глобални рамки. Големите битки на нашите дипломати нема да запрат тука. Северна Македонија никогаш не била поблиску до ЕУ. Оттука од идна и круцијална важност ќе биде натамошниот развој на вештините на нашата дипломатија во согласност со европските стандарди.

Ова го истана министерот за надворешни работи Бујар Османи на на денешната прес-конференција по повод одбележувањето на Денот на МНР – 29 Април и 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба на Северна Македонија, традиција над половина век која сигурен сум дека ќе доживее уште поголеми и позначајни јубилеи.

-Историјата на Министерството наназад 55 години бележи различни начини и поставеност на дипломатското делување условени од променливоста на геополитичките и надворешно политичките услови низ текот на годините. Но, она што е постојана константа на оваа институција е несомнено цврстата заложба и непоколебливиот стремеж на дипломатите и другите вработени максимално да придонесат кон изградба и етаблирање на Северна Македонија во меѓународните односи како рамноправна земја, членка во сите важни регионални и меѓународни организации, земја која што ги почитува меѓународните принципи и правила која помага кога другите се во неволја и најважно модерна и стабилна држава. Поради тоа би сакал да ја искажам својата срдечна благодарност кон сите дипломати и вработени во МНР кои квалитетно и доследно, посветено и навремено и со несмален ентузијазам и љубов кон својата земја ги исполнуваат нивните работни задачи. И тука мислам на сите без исклучок. Искусните со нивната мудрост и стабилност и младите со нивниот ентузијазам, динамичност и свежина која ја внесоа во нашата институција, рече Османи.

Тој се задржа на постигнувањата во надворешната политика во изминатите четири години, додека е тој на чело на МНР, кога, како што рече, сите заедно направивме многу како во однос на исполнувањето на главните стратешки приоритети во надворешната политика – евроатлантските интеграции и во однос на реализацијата на нови проекти и иницијативи иницирани и развиени како резултат на оригиналните предлози од многу дипломати вработени во Министерството.

-Конкретно овозможивме Северна Македонија да постигне видливо суштинска позитивна промена во делот на надворешната политика преку многубројни успеси, меѓу кои како клучни би ги издвоил следните – од политичкото и военото интегрирање во НАТО преку отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, постигнување на целосна стопостотна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ. Го започнавме стратешкиот дијалог со САД како ново квалитетно поглавје во односите, нашиот успешен дипломатски одговор кон заканите што ги предизвика воената агресија на Русија во Украина, нашите успешни дипломатски активности за поддршка на Украина во секое ниво, заедничко учество со сојузниците во мисиите предводени од НАТО долж источното крило на Алијансата во рамките на зајакнатото истурено присуство во Латвија, во Романија и во Бугарија. Направивме видливи промени во регионални рамки наметнувајќи се како регионален лидер од аспект на промовирање на добрососедската политика преку изнаоѓање решенија на долгогодишните отворени билатерални прашања, како и преку новостекнатите регионални позиции и промовирање стабилност во регионот, рече Османи.

Како посебна додадена вредност во развојот на регионот и регионалната соработка, тој го спомна иницирањето на платформите Преспа форум за дијалог, кој во јуни, годинава ќе го има четвртото издание, неформална платформа за политичка соработка Б6, како и иницијативата за поддршка на инвестициските проекти долж Коридорот 8 помеѓу Северна Македонија, Албанија, Бугарија и Италија, добиената улога на депозитар на трите важни договори на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес на 3 ноември 2022 година во Берлин за признавање на академски квалификации, за патување со лични карти во регионот означи квалитативен чекор напред во регионалната соработка.

Тој меѓу другото ги издвои успешното минатогодишно претседавање со ОБСЕ и со САД и Јадранската повелба, се уште актуелното претседавање со Процесот за соработка на ЈИЕ, зајакнатиот политичкиот дијалог пред се со земјите членки на НАТО и ЕУ, соодветното екипирање на ДКП-еата после подолг период на испразнетост, постигнатата правична застапеност на сите нивоа во Министерството и зајакнување на врските меѓу дијаспората,со проектот за доделување М-карта и поставување базни и мобилни станици и воведовме СОС дежурна линија.

-Затоа денес со гордост можам да заклучам дека и покрај условеноста од комплицираните регионални и меѓународни случувања успеавме Северна Македонија да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена како активен, доверлив и кредибилен фактор во глобални рамки. Големите битки на нашите дипломати нема да запрат тука. Северна Македонија никогаш не била поблиску до ЕУ. Оттука од идна и круцијална важност ќе биде натамошниот развој на вештините на нашата дипломатија во согласност со европските стандарди. Истовремено способноста на дипломатијата да одговори на обемот, карактерот, брзината и динамиката на постојните и без сомнение на идните предизвици, мора да се продолжи со надградба на Министерството како куќа која ќе обезбеди нова генерација на дипломати да се чувствува инспирирано и да чекори напред, да работи напорно и да обезбеди натамошна релевантност и висока репутација, рече Османи упатувајќи честитки за Денот на МНР до сите колеги во земјава и во нашите ДКП-а  во странство.

Вообичаено на овој важен ден се организира поголем настан, се доделуваат награди, се бира дипломат на годината, но заради изборите тоа не е дозволено, појасни Османи.

Историјата на МНР како институција надлежна за надворешната политика започнува на 29 април пред точно 55 години во Скопје кога се зачнати и корените на дипломатската служба со формирањето на Бирото за односи со странство. По стекнувањето на независност во 1991 година ова тело прераснува во Секретаријат за односи со странство за три години подоцна конечно да се трансформира во МНР.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бујар ОсманиМНР
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ