• Latest

„Црно на бело“ на Лидија Димковска преведена на повеќе од десет јазици

January 24, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Црно на бело“ на Лидија Димковска преведена на повеќе од десет јазици

January 24, 2017 14:10
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Најновата поетска збирка на Лидија Димковска, „Црно на бело“, која пред неполна година ја објави издавачката куќа „Или – Или“, веќе е препеана и објавена на повеќе од десет јазици. 

На англиски јазик во препев на Љубица Арсовска и Патриша Марш, песните на Димковска излегоа во американското списание „Светската книжевност денес“, заедно со поголемо интервју со поетесата, како и во американските списанија за литература „Поетри интернешнл“ и „Плам“; на германски – во препев на Алекдандер Зицман во австриското списание „Манускрипте“ и во антологијата „Берлин чита“; на полски – во препев на Данута Ќирлиќ Страшинска во книжевното списание „Подглад“ и во антологијата на европската поезија „Дрвото на мирот зазеленува“, како и во препев на Марлена Зинглер во „Лиридрам“; на словенечки – во препев на Алеш Мустар во „Содобност“, „Литература“ и на „Словенечкото радио“; на бугарски – во препев на Роман Кисјов во антологијата на современата македонска поезија „Портал на сонцето“; на холандски – во препев на Рул Шоут, во зборникот на меѓународниот поетски фестивал „Поети во Принсентун“; на корејски – во препев на Ханјонг Јеонг во „Поемкафе“; на романски – во препев на Јоана Јероним во „Литернет“ каде што беа избрани за песни на седмицата; на шпански – во препев на Г. Леогена во книжевното списание „Калета“; на босански – во препев на Сеида Бегановиќ во антологијата „Поетести од регионот“.

Поголем циклус од збирката е објавен во препев на српски на Душко Новаковиќ, во изборот од поезијата на Димковска „Најблиску до најдалечното“ кој пред кусо време беше објавен во српската издавачка куќа „КОВ“, како дел од „Европската награда за поезија – Петру Крду“.

Наскоро, повеќе песни од стихозбирката „Црно на бело“ ќе излезат и во препев на француски, на Марија Бежановска, во француското списание „Ла традуктиер“.

Збирката во целост годинава ќе биде објавена во препев на словенечки јазик, во издавачката куќа „Цанкарјева“ во Љубљана, а се најавуваат можности и за публикување на англиски во САД.

Tags: Лидија Димковскапоезијапоетска збиркапревод
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ