• Latest
Илустрација: Изборна хроника на ЦИВИЛ (во соработка со DeepAI)

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Гласачите ќе можат да се појават на гласачките места само еднаш; „Дебати“ со еден гостин; НЕ за двојно мнозинство за формирање влада; Никој не сака коалиција со ДУИ

May 3, 2024
Илустрација: ВИ

„Независни заедно“ и ЗХГ бараат потписи за политичка платформа поради правен вакуум и покрај укинувањето на Правилникот за собирање потписи на независните кандидати

August 11, 2025
Фото: Скриншотови од Фејсбук и Инстаграм

Дегутантни коментари и жесток говор на омраза за трагедијата на бугарскиот нуркач во Охридското езеро

August 11, 2025
Мицкоски, прес, 17 ноември 2024, по состанокот со Македонската банкарската асоцијација (скриншот од снимка на Владата)

Кукавичко одземање животи и убивање припадници на МВР и одбрана не може да биде чесна и праведна војна, вели Мицкоски во реакција на изјавата на Меџити дека војната на УЧК била праведна

August 11, 2025

По вчерашното убиство, директорот на БЈБ во посета на СВР Тетово: Нема да дозволиме насилството на поединци да ги нарушат сигурноста и мирот во заедницата

August 11, 2025

Јаневска: Едносменската настава не е лесен процес, во 25 училишта ќе има потреба од доградба на училници

August 11, 2025

ЦИВИЛ објави проширување на мандатот на својата клучна мониторинг-единица за откривање, следење и справување со хибридните закани

August 11, 2025

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение

August 11, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската влада го исклучи сигналот на News24, новинарите протестираат; Радомир Лабан – од осуденик во Србија до судија во Косово и безбедносен ризик

August 11, 2025
Фото: Роман Шеремета/ Фејсбук

Специјалниот претставник на Трамп „погрешно го разбра“ Путин: Опасна некомпетентност од некомпетентна администрација

August 11, 2025
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Кримска платформа: Повик за ослободување на затворениците на рускиот систем – случајот на новинарот Вилен Темерјанов

August 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Гласачите ќе можат да се појават на гласачките места само еднаш; „Дебати“ со еден гостин; НЕ за двојно мнозинство за формирање влада; Никој не сака коалиција со ДУИ

May 3, 2024 15:30
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Илустрација: Изборна хроника на ЦИВИЛ (во соработка со DeepAI)

Илустрација: Изборна хроника на ЦИВИЛ (во соработка со DeepAI)

Share on FacebookShare on Twitter

Остануваат уште четири дена до изборниот молк, пред двојните избори во земјава, вториот круг претседателски, и парламентарните.

Државната изборна комисија веќе е во финишот на подготовките за изборниот процес, а кампањите на претседателските кандидати и учесниците на парламентарните избори се приближуваат кон крајот, односно кон своите последни (завршни) собири преку кои се обдиуваат, секоја опција на свој начин и со различни ветувања и наративи, се обидуваат да обезбедат што повеќе гласови.

И понатаму, и уште позасилени се националистичките изјави, но и силни тенденции од одредени лидери на партии, за дополнително поларизирање на општеството, користејќи ултранационалистички наративи.

Во периодот на државни и верски празници во земјата, сепак продолжуваат собирите на натпреварувачите во двојните избори, иако дел од населението (ќе) ги користат неработните денови за патувања надвор од државата.

ДИК со финални подготовки за двојните избори

Државната изборна комисија е подготвена за претстојните избори, денес и утре  ќе се дели доверливиот изборен материјал кој општинските изборни комисии се должни да го предадат во вторник, а првичните резултати се очекува да бидат објавени на 8 мај пред полноќ, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Даштевски појасни дека на претстојните двојни избори, гласачите ќе можат да се појават на гласачкото место само еднаш.

На прашањето дали се крши приватноста со тоа што гласачите ќе бидат прашани дали се дојдени да гласаат за парламентарни или претседателски избори пред набљудувачите присутни на гласачкото место, Даштевски одговори дека тоа не е во делот на тајност.

–  Јас за тоа не можам да одговорам бидејќи ние се занимаваме за спроведување на избори а не со притисок. Упатството е донесено повеќе од месец дена. Беше тоа сериозна дебата и се заклучи така. Тоа што се заклучило мора да се спроведе, рече тој.

Претседателски избори

Пендаровски за „дебатата“ со празно столче во МТВ

„До сега имаше три дуели меѓу мене и госпоѓата Давкова и се разбира и останатите кандидати во првиот круг и сега попладнево со партискиот сервис МТВ, кој сите ние го плаќаме, организирале дебата во која госпоѓата дебатира самата со себе и како што велат празно столче од другата страна“, нагласи претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, за гостувањето на Силјановска Давкова на интервју во МТВ.

Инаку, терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двата кандидати. Дебатата во понеделник на 6ти мај, на телевизија Канал 5, е последна која е потврдена од двете страни.

Силјановска Давкова е на ставот дека нема потреба од двојно мнозинство за формирање Влада

„На изборите има само еден победник, нема двајца победници, ниту имало, ниту треба да има, а двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации коа се носат закони или се решаваат прашања кои се директно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти.

Формирањето на Владата не е такво прашање, и ние треба да имаме Влада како сите во ЕУ, а тоа најмногу треба да го заговараат оние кои се декларираат со придавката европски. Во владата треба да има место за Албанците, но и останатите етнички заедници, јас од секогаш сум го велела тоа“, изјави Силјановска-Давкова, како одговор на изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека дека за Влада е потребно двојно мнозинство, односно обично и Бадентер.

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Мицкоски категоричен: Ниту на памет ми паѓа каква било коалиција со ДУИ

„Ниту размислувам, ниту на памет ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите, а и на овие избори се покажа дека имаме антивладино расположение и тоа треба да се почитува и мора да се почитува гласот на народот“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ковачевски до гласачите: Испратете им јасна порака и на Ахмети и на Мицкоски и на Силјановска Давкова дека не сакаме повторно да се распалуваат меѓуетничките тензии

Во предизборната кампања Мицкоски и Силјановска Давкова наместо во натпревар на идеи и проекти ја поретворија во националистички скандирања и препукувања со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Испратете им јасна порака и на Ахмети и на Мицкоски и на Силјановска Давкова, и на едните и на другите, дека ниту еден граѓанин не сака повеќе да се враќа 20 години назад, дека не сакаме повторно да се распалуваат меѓуетничките тензии.

Испратете им ја оваа порака на 8 мај, зашто само така ќе им покажеме дека Македонија има прогресивни и умни луѓе, кои сакаат европска иднина,а не враќање во минатото на конфликти и војни и спасување на кариерите на Али Ахмети и Христијан Мицкоски и Силјановска Давкова, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

ДУИ- Европски фронт оставаат на граѓаните да гласаат по своја волја на вториот круг претседателски избори

Бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право“, велат од Коалицијата предводена од ДУИ.

Од Европскиот фронт соопштија и дека завршниот митинг ќе се одржи на 5 мај на плоштадот во Тетово, со што ја завршија расправата со ВЛЕН околу одржувањето на завршните митинзи на двете коалиции во ист ден и на исто место.

Димитриевски стои на ставот дека на На Македонија и е повеќе од потребно национално, македонско обединување по примерот на Албанците

Мојата политика, заедно со мојот тим, рече Димитриевски, ќе ја градам врз база на принципи и доколку Македонија е во ситуација во која треба да се обезбеди стабилност, тогаш партиските интереси ќе бидат во втор план, а националните и државните интереси во прв план.

На Македонија и е повеќе од потребно национално, македонско обединување по примерот на Албанците, рече Димитриевски во телевизиско гостување.

СТОП ЗА ПОЛИТИЧКАТА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦАТА

ЦИВИЛ во континуитет ги алармира јавноста, институциите, политичките партии и медиумите за злоупотреба на децата за политички цели и бара од институциите да ги санкционираат сите што ги вовлекуваат децата во политиката на било кој начин.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатира голем број случаи на злоупотреба на деца и малолетници, како во изборен контекст, така и за ширење етничка и верска омраза, но и за ширење на руска злонамерна пропаганда.

Политичката злоупотреба на децата е забранета со закон!

Во член 12, став 4 од Законот за заштита на децата се вели:

„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.

ЦИВИЛ бара од политичките партии, родителите, медиумите и институциите да ги ослободат децата и малолетниците од своите политички амбиции – со тоа го кршат законот и сите етички норми.

#ТиОдлучуваш #Гласај

Сите важни информации за изборите можете да ги прочитате на веб страницата ГЛАСАЈ.

На оваа веб страница се објавуваат релевантни вести и информации за изборите, линкови до официјални извори, како и текстови и видео содржини за граѓанска едукација за правото на глас и важноста на граѓанското учество во изборните процеси.

Костовски: Демократијата е единствен начин за општество каде цивилизирано се одвиваат сите процеси

„Мојата порака е да се излезе на гласање, да се излезе масовно, секој да сака да излезе, бидејќи секогаш кога не се излегувало, се случувало тоа некој да го злоупотреби. Без сопствено излегување, слободно излегување, не може некој да влијае на чинот на гласање, се оневозможуваат можностите изборите да не бидат фер и да не бидат коректни. Односно, тие практично да бидат лажна слика на волјата на јавноста“, вели Костовски.

Придружете ни се и направете го вашиот план за гласање: https://actionnetwork.org/forms/glasaj

Инцијативата можете да ја следите на медиумската платформа на ЦИВИЛ и на социјалните мрежи:
X
Facebook
Instgram
TikTok
Youtube

Подготви: Дијана Тахири во соработка со ЦМТ

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ