Лидерите на партиите кои се дел од Европскиот фронт на средба во Струга заклучија дека првиот круг од претседателските избори на 24 април помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а победата на Бујар Османи со 40.000 гласа повеќе од Арбен Таравари – кандидат на опозицијата ќе донесела уште поголема победа.
„Тоа е победа која уште повеќе ќе се продлабочи на 8 мај, на парламентарните избори кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата историска победа. Во овој случај, бидејќи Европскиот фронт повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, Европскиот фронт наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право“, велат од Коалицијата предводена од ДУИ.