Европската служба за надворешни работи ( ЕЕАС) што ја спроведува надворешната и безбедносната политика на ЕУ, објави изјава на портпаролката Набила Масрали за употребата на уставното име од страна на новата претседателкана Северна Македонија во нејзиното обраќање на денешната церемонијата на заклетва.
ЕУ изразува жалење поради фактот што новата претседателка на Северна Македонија, претседателката Силјановска-Давкова, не го употреби уставното име на државата на денешната церемонија на заклетва, се вели во изјавата.
Од ЕЕАС исто така потсетија дека ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција.
Објавата на ЕЕАС ја сподели на својот профил на Х холандската дипломатка Анџелина Ајххорст, управен директор за Европа и Централна Азија во Европската служба за надворешни работи во Брисел.
#EU regrets that the new President of North Macedonia 🇲🇰 President Siljanovska-Davkova, didnot use the country’s constitutional name at the swearing-in ceremony 2day. Full respect 4 legally binding agreements incl. #Prespa Agreement w/Greece 🇬🇷 = important https://t.co/AJ8Igcupeu
— Angelina Eichhorst 🇪🇺 (@aneichhorst) May 12, 2024
Предходно денеска и председателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен во посебна објава на Икс порача и дека „за Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа.
За време на давањето заклетва на новата претседателка, грчката амбасадорка Филипиду ја напушти собраниската галерија каде беа сместени претставниците на дипломатскиот кор.
Драган Мишев