Државната изборна комисија (ДИК) ќе одржи јавна седница на која ќе се усвојуваат записниците од претходните седници, а потоа ќе се започне со доделување на Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати.
На доделувањето ќе присуствуваат овластените претставници на кандидатските листи.
Утре ДИК ќе спроведува прегласување за Парламентарните избори на седум избирачки места, по две во општините Долнени и Крушево, и по едно во Охрид, Струга во петтата изборна единица, а во шестата изборна единица ќе се прегласува во општина Желино.
Прегласување ќе се спроведе на избирачките места 2101 во Желино,1194 во Крушево, 1202 исто така во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 во Долнени, 1470/1 исто така во Долнени, како и во 1844 во Струга.
Во избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи, во избирачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 избирачи, во 1202 исто така во Крушево 298, во 1272 во Охрид 712, во Долнени во избирачкото место 1470 – 659, додека во 1470/1 – 634 и во избирачкото место 1844 во Струга 755 избирачи.
Н. А.