• Latest

24 ЧАСА: Мијалков заврши работа во затвор; одземен пасошот на Иџет Мемети; ВЛЕН слави за уште еден пратеник, од Европски фронт ќе се борат за секој глас

May 23, 2024

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Мијалков заврши работа во затвор; одземен пасошот на Иџет Мемети; ВЛЕН слави за уште еден пратеник, од Европски фронт ќе се борат за секој глас

May 23, 2024 17:01
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, утрово во 9 часот и 32 минути се одјавил од затворот во Струга, каде издржуваше затворска казна за случајот „Империја“, потврди за МИА директорот на установата Ваљон Ќура.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Според Таравари, можеби денеска или утре ќе биде објавен дефинитивно договорот меѓу идните владини партнери, ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.

– Освен нас, се надевам и друга партија, сега немам информација од ВМРО дали е постигнат договор и со ЗНАМ, така што следните 24 до 48 часа, сигурно ќе биде објавено, рече Таравари.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ Од вчерашното прегласување во шестата и петтата изборна единица, парламентарниот состав избран на 8 мај ќе се менува во корист на коалицијата ВЛЕН.

Според Државната изборна комисија која по прегласувањето во 7 избирачки местa, го соопшти распоредот на пратеничките мандати. Коалицијата ВЛЕН добива еден мандат повеќе во шестката, на сметка на Европскиот фронт, а во 5-та изборна единица состојбата со пратенички мандати останува непроменета.

ПОЛИТИКА Конститутивната седница на Собранието е закажана за следниот вторник, на 28 мај. Со седницата до изборот на новиот претседател на Собранието, согласно Деловникот за работа, ќе претседава највозрасниот пратеник, а во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџаку.

ДКСК покрена иницијатива за утврдување одговорност за директорката и Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители

*

ПРАВДА По предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје денеска определи мерки за претпазливост за Иџет Мемети, второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание во која е вклучен и врховниот судија, Наке Георгиев.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Бројот на граѓани погодени од рускиот ракетен напад на Харкив се зголеми на 17, објави на Телеграм  министерот за внатрешни работи Ихор Клименко, пренесува Укринформ.

*

Русија го повлече предлогот за промена на границата на Балтичкото Море

СЛОБОДНА ЗОНА

Родовата еднаквост во политичката застапеност во општество со кревка демократија како нашето, не може да се остави на добрата волја на политичките партии! Затоа, потребни се изборни реформи, кои гарантираат зголемување на застапеноста на жените на сите нивоа на власт. Во оваа насока, треба да се разгледаат реформите во Изборниот законик, со што ќе се зголеми застапеноста на жените на министерски и градоначалнички позиции, пишува Сефер Тахири во колумната „Жените во политиката како статистика“.

*

Хрватска по 11 години членство во ЕУ: Бруто домашниот производ порасна од 55 на над 65 милијарди евра во 2022 година; невработеноста падна од 17 на 6 на 7 отсто; годишните плати во Хрватска се речиси исто толку високи како во Полска и Унгарија; покрај тоа, оваа земја добива многу европски пари, само во периодот од 2021 до 2027 година ќе исцрпи 30 милијарди евра од фондовите на ЕУ.

Епа, ние ги избравме Силјановска – Давкова, Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и изолација. Епа Хрватска и ова лето ќе ја преплават сезонски работници од Северна Македонија, епа оние кои не успеаја со бугарски пасош да заминат „на арбајт“ во Германија, пишува Драган Мишев во колумната „Епа, Македонче, епа чорба“.

*

За следната година да биде надежна очекуваме мерки кои стручната јавност сериозно ќе ги коментира и ќе предлага решенија. Ако се остане на тврдоглава партиска логика дека од позиција на власт се донесуваат одлуки без поширока консултација, повторно ќе биде како нови чорапи во стари чевли. Комоцијата на разгазени чевли ќе остане ама нивната употребна вредност нема да трае долго.

Не е некоја мудрост да се констатира дека главните прашања се: од каде ќе се најдат свежи средства потребни за економијата и буџетските обврски?, пишува Војо Маневски во колумната „Ќе ни биде така како што избравме“.

*

Од денеска бате Саше е слободно и невработено лице. Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, утрово, се одјавил од струшкиот затвор, каде што издржуваше казна за случајот „Империја“. Директорот додава дека едвај ги задржал солзите да не заплаче кога пред капијата го испраќаше најпримерниот затвореник.

„Да ни дојдеш пак, да не нè заборавиш“, го поздравил директорот истурајќи му вода за да му тргне со лесно слободата!

Бате Саше се насмевнал и кратко одговорил „здравје, ќе видиме“, пишува во сатирата „Бате Саше од денес е слободно и невработено лице, „не знам како ќе функционираме без возач“ – вели директорот на затворот“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ