• Latest

Односите меѓу Скопје и Атина и денеска во фокусот на неделните изданија на грчките весници

May 26, 2024

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Односите меѓу Скопје и Атина и денеска во фокусот на неделните изданија на грчките весници

May 26, 2024 19:22
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Писмото на Блинкен остана во фиока“; „Дипломатски маратон за прекршувањето на Договорот од Преспа“ и „Враќање на тврдокорните“ се насловите на текстовите во неделните изданија на три грчки весници-„То вима“, „Реал њуз“ и „Катимерини“ – едни од најголемите во земјата, кои и оваа седмица македонско-грчките односи ги држат високо во фокусот.

Дописникот од Вашингтон на весникот „То вима“, пишува дека „писмото со честитки што Стејт департментот го изготви за првата жена претседател на Северна Македонија, никогаш не излезе од фиока“.

-Американски извори потврдија за „То вима“ дека станува збор за одлука донесена на политички високо ниво, сакајќи да испратат порака на незадоволство, пишува весникот и додава дека наместо официјално писмо од Блинкен, било одлучено новата претседателка да добие честитка преку Икс од помошник-државниот секретар на САД Џејмс О‘ Брајан.

Новинарот се задржува на ставот на САД околу почитувањето на Договорот од Преспа, пишува дека Вашингтон ја очекува новата Влада и ќе даде „грејс период“ за да види дали „политичкиот врв на Северна Македонија ќе се обиде да се ослободи со мали чекори од предизборната реторика“.

Дополнително, според информациите на весникот американската дипломатија зад затворени врати извршила притисок и пред и по изборите за почитување на Договорот од Преспа, а свесно избрала јавно да одржува низок тон.

Од друга страна, грчката дипломатија е активна на европско ниво, согласно текстот објавен во „Реал њуз“ и Атина започнала кампања за информирање на сите европски земји, на ЕУ и НАТО за прекршувањата на Договорот од Преспа.

Грчкото МНР, како што пишува весникот, дало наредба до сите дипломатски претставништва на земјата „да ги информираат нивните колеги за секое ново прекршување на Договорот од Преспа од соседната земја“.

-Во Министерството за надворешни работи чекаат да се формира Владата во Скопје за да ги соопштат процедурите предвидени со член 19 од Договорот од Преспа за активности што се оценуваат како прекршување на Договорот, но и за да продолжат кон официјални дипломатски демарши, пишува весникот, пренесе МИА.

Дополнително се осврнува и на предвидените рокови кај нас за формирање Влада процедура што, како што пишува, се очекува да заврши пред крајот на јуни.

Токму на новата Влада кај нас, акцентот го става новинарот од весникот „Катимерини“, во текстот под наслов „Враќањето на тврдокорните“, коментира дека Владата на Мицкоски можно е да има „силен шмек на Груевски“, фокусирајќи се на гласините дека Антонио Милошоски може да биде новиот шеф на дипломатијата.

-Ако се потврдат гласините за еден таков избор, ќе станува збор, според европски дипломати, за избор од висок ризик што ќе го означи заострувањето на политиката на Мицкоски кон соседите, во главно кон Грција и Бугарија, во моменти кога меѓународниот фактор притиска за почитување на договореното од новата Влада, пишува весникот.

„Катимерини“, освен на разговорите за формирање на новата Влада, се осврнува и на редиците во петокот на граничниот премин со Грција поради празникот и продолжениот викенд, како „показател за интересот на граѓаните“ и паралелно ги демантира, како што пишува „натписите во некои медиуми во Скопје дека редиците се должат на построгите контроли на царинските служби како некоја прва контрамерка за оспорувањето на Договорот од Преспа“.

-Дипломатски извор што ја познава ситуацијата на границата ги демантираше ваквите тврдења, потенцирајќи дека во моментов не постои такво нешто, а редиците едноставно се поради зголемениот интерес на граѓаните за патување во Грција, пишува весникот.

Во денешните, неделни изданија на грчките весници, освен текстови и анализи за Договорот од Преспа има и интервјуа со грчкиот премиер, со лидерот на опозицијата, со министри од Владата, кои меѓу другото, одговараат и на прашања поврзани со последните случувања меѓу Скопје и Атина.

Мицотакис, како што претходно објави МИА, преку интервјуто за „Реал њуз“ порача дека „Северна Македонија, како и Албанија, може само да добијат од добрите односи со Грција. Во спротивно, европскиот пат на двете земји минува низ Атина. И таму ќе наиде на проблеми“.

Извор: МИА

Tags: грчки медиум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ