Доскорешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, од коалицијата „Влен“, е избран за нов претседател на Собранието.
Тој денеска беше излагасан со 76 гласови „за“, а шестмина беа „против“. Немаше воздржани пратеници. Во Собранието беа присутни вкупно 116 пратеници.
За Гаши гласаа 75-те пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ.
Пратениците од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, како и од Левица, ја напуштија собраниската сала.
М. Д.