ДРАГАН МИШЕВ
На толку јадење бисквити, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак се заедно.
Се затворил „ужи круг’ од двете партии во некој кабинет, и си се договориле: Идеме заедно.. Shkojmë së bashku…нека рока мандолината.
После полноќ воскреснаа, или се повампирија некои стари купопродажни договори. Само што сега не е мај, јуни е.
Единствено Зијадин остана да ја пафта пепелта од Европскиот фронт, колку да го одржува оганчето, барем да тлее. Или ќе биде последниот што ќе го угасне светлото на заминување (во историјата), откако некој „реис“ ќе каже: Го прогласувам Европскиот фронт за умрено.
А што ќе прават сега вмровците кои гласаа за да нема веќе ДУИ…како по обичај, вмровците ќе блејат.
Како што кажал народниот мудрец деновиве во некоја кладилница: Животот е тежок, но барем не навивам за Барса и не гласав за ДПМНЕ.
Наум Стоилковски ги изгрицкал бисквитите? Нека јаде сега гурабии. И нека мачка вазелин на градите патриотски, да не го боли душата.