Гласачите почнаа да гласаат во Унгарија рано во недела за да ги изберат своите претставници за Европскиот парламент на изборите кои многумина ги сметаат како референдум за уривање на власта на премиерот Виктор Орбан.
Илјадници луѓе се собраа во саботата во Будимпешта додека политичкиот новодојденец, Петер Маџар, го предводеше силниот граѓански протест против популистичкиот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, пред европските избори што се одржуваат денеска.
„Ја победивме апатијата“, рече Маџар, поранешен владин инсајдер кој ја смени страната и започна опозициско движење, додека стоеше пред огромна маса луѓе што го исполни Плоштадот на хероите во главниот град во саботата.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека апатијата во Унгадија навистина е победена.
RESIGN‼️ pic.twitter.com/4QHm63hvh5
— SzabadonMagyarul 🇬🇧🇭🇺🇺🇦🇪🇺 (@SzabadonMagyar) June 8, 2024
„Ние си даваме надеж еден на друг“, рече тој, нагласувајќи дека „градиме земја каде што нема десница, нема левица“.
Hungary writes history 💪🇭🇺
No more orban, no more putler pic.twitter.com/SkuLIwcFMO— SzabadonMagyarul 🇬🇧🇭🇺🇺🇦🇪🇺 (@SzabadonMagyar) June 8, 2024
Откако се врати на власт пред 14 години, Орбан ја консолидираше моќта дома. Тој негуваше односи со Русија и Кина, како и со екстремно десничарските партии ширум светот. Тој ги опиша Брисел и Вашингтон како негови противници, и покрај континуираното членство на Унгарија и во ЕУ и во НАТО.
ЦМ Деск