• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Изборите во ЕУ – мета на руската пропаганда во македонските медиуми

June 11, 2024
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Изборите во ЕУ – мета на руската пропаганда во македонските медиуми

June 11, 2024 14:44
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Веќе извесно време во дел од македонските медиуми се води засилена руско – српска пропаганда, која дополнително се интензивираше по изгласувањето на резолуцијата за Сребреница, и пристигањето на западната помош за Украина и одобрувањето на „ограничено“ користење на западното (американско) оружје врз воени цели на руска територија, таа особено стана активна пред и за време на изборите во Европската унија, преку зголемениот бран лажни вести на Интернет во обид да влијае врз гласањето пред парламентарни избори за Европскиот парламент, за што предупредуваа претставниците на ЕУ и експертите за дезинформации.

Како што пишуваше тогаш ЦИВИЛ Медиа, европратениците по откритијата за обиди од страна на Кремљ за вмешување и поткопување на европските демократски процеси, усвоија резолуција со која го повикаа политичкото раководство во ЕУ и земјите-членки итно и енергично да се спротивстават на обидите за руско мешање.

Сега истиот тренд продолжува и по објавените резултати од гласањето за еврпскиот парламент во неделата.  Како што забележа Мониторинг тимот на Цивил, некритички се пренесува навредливата изјава на претседателот на Државната дума на Русија, извесен Володин: „Макрон и Шолц се срам за Европа“, во која ги коментира резултатите од Европската Парламентарни избори (ЕП), објавени од рускиот пропагандистички канал Спутник…

…како и објавата на заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на Икс во која со непримерен говор ги пензионира Шолц и Макрон и ги испраќа на ѓубриштето на историјата.

Настрана што коментарите доаѓаат од високи политички претставници на земја во која се задушени повеќето основни човекови права, меѓу кои и оние за фер и демократски избори, а на „неподобни“ противкандидати не им се дозволува учество во изборниот процес, а некои од нив завршуваат во затвор, кој на крајот, резултира со „ненадејна“ смрт, тука се споделуваат нивните паушални тврдења и навредувачкиот говор на омраза во функција на руската пропаганда дека во ЕУ ( кон чие членство се стреми и нашата земја) економијата стагнира, има миграциска криза, а земјите, според „рускиве експерти за европски прашања“, спротивно на нивните национални интереси, се вовлечени во војната во Украина, а „неспособната, идиотска економска и имиграциска политика на Шолц и Макрон кои ги поддржуваат националистичките власти во Украина по цена на животите на сопствените граѓани“.

Тука мора да го надополниме она кое при некритичкото пренесување на вести и изјави од руски извори овие македонски медиуми одбегнуваат да го именуваат со вистинското име – руската војна во Украина, што започна со целосната, неиспровоцирана руска агресија врз Украина пред три години.

Карактеристично за овие македонски портали е што според вообичаената пракса, пропагандистичките објави од Кремљ пренесени од руски извори, инаку забранети да емитуваат на територијата на нашата земја, се објавуваат речиси синхронизирано, во содејство со колегите од медиумите од соседна Србија,

Изјавите на некојси руски функционери, ирелевантни за ЕУ и за нашата земја, но во функција на анти-ЕУ и антизападните наративи на руските пропагандисти,  во про-рускиот дел од македонските медиуми се објавуваат интегрално, некритички и непотврдени, со единствена цел да ги девалвираат придобивките од европските демократски процеси и да ја поткопаат евроатлантската определба на Северна Македонија.


Во соработка со Мониторинг тимот на Цивил
Tags: ЕУ изборимакедонски медиумируска пропаганда во Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ