• Latest
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Реорганизација: Министерство за култура и туризам – каде е логиката?

June 19, 2024
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Реорганизација: Министерство за култура и туризам – каде е логиката?

June 19, 2024 16:18
in АНАЛИЗИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Со новотo реорганизирање на владините ресори, ВМРО-ДПМНЕ воведува, разделува или спојува нови министерства. Со ваквиот реформски пристап од 16 министерства, новата Влада ќе ја сочинуваат 20 министерства. Четири нови министерства!

Едно од министерствата кое се проширува е Министерството за култура кое во своите ингеренции ќе го има и туризмот. Според овој план, новиот министер на Министерството за култура и туризам ќе биде најверојатно актерот Зоран Љутков.

Како и за останатите спојувања и одвојувања на министерствата, се отвори и прашањето зошто е потребно Министерството за култура да се надополни со туризам.

Носител на Законот за туристичка дејност со кој се уредуваат условите и начинот за вршење на туристичката дејност до сега беше Министерството за економија. Со спојување на туризмот со култура, одвојување на енергетика, рударство и минерални суровини во посебно министерство, на Министерството за економија како надополнување на одземеното му се додава труд, а тоа, пак, се одвојува од социјалните политики.

Ваквите комбинаторики, наместо да го намалат, го зголемија бројот на министерства. Со тоа се отвори и прашањето за политичките компромиси кои ги направи Мицкоски за да дојде на власт, наспроти изборните ветувања. ВЛЕН, Движењето ЗНАМ и останатите претставници од коалицијата „Твоја Македонија“, мораа да добијат дел од колачот за укажаната „доверба“ кон ВМРО-ДПМНЕ.

Да се вратиме на новото Министерство за култура и туризам.

Логиката на спојување постои или не?

Министерството за култура до сега се грижеше за основите на културата како темелна вредност, облиците на остварување на културата, начинот и условите на нејзиното финансирање, како и други прашања од интерес за културата, што опфаќа и творештво, објавување на уметничкото творештво и заштитата и користењето на творештвото. Следствено на тоа, развојот на туризмот со подобрување на стандардите на туристичката понуда би одел во насока на подобрување на конкурентноста на туристичката понуда во земјата, преку креирање на поволна бизнис клима и зголемена валоризација на културните, па и природните богатства. Но, туризмот не е само тоа, особено ако се земе предвид текстот на важечкиот Закон за туристичка дејност. Со оглед дека угостителството оди рака под рака со туризмот, за очекување е тие ингеренции да му се одземат на Министерството за економија и да ги преземе новото Министерство за култура и туризам.

Турција, Кина, земји како Тринидад и Тобаго, Британска Колумбија,  Виетнам, Ирска или Сиера Леоне имаат свои Министерства за култура и туризам. Некои, како на пример Ирска, дополнително го прошируваат со спорт, уметност и медиа. Ако се задржиме во рамките на регионот, Хрватска има Министерство за култура и медиуми, Босна и Херцеговина за култура и спорт, Србија Министерство за култура и информирање, додека Албанија во состав на владата има Министерство за економија, култура и иновации.

Но Хрватска има 11 министерства, Албанија има 16 министерства, додека Србија има 27 министерства. Се разбира, предвид треба да се има и нивното политичко уредување.

Затоа, спојувањето на културата со туризам кај нас е само илустративен пример за гломазноста или „плаќањето долгови“ на новата Влада. А веројатно и за друг вид политичко маневрирање.

За потсетување: Сиљановска ја нарече „коњски кабинет“ владата со 16 ресори, сега пред неа е законот за реорганизација на влада со 20 ресори 

Да ја цитираме Сиљановска Давкова, сега претседателка, кога во 2019 година изјави: Треба да сме скромни. Во владата има премногу министерства, министри, заменици министри, советници, тоа е “коњски кабинет”.  Тогаш, со помош на ВМРО-ДПМНЕ, изгуби од Стево Пендаровски. Сега, со помош на ВМРО-ДПМНЕ, победи и од позиција на претседателка ќе го потпише указот за Законот за организација и работа на органите на државната управа, за влада со 20 ресори, наспроти жестоките критики во минатото за влада со 16 министерски позиции. Што би се рекло, добро одигран потег на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кабинетот на Претседателката укажува дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од Уставот, Претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот“, соопштија од кабинетот на 8 јуни.

Битиќи: Непотребни компликации во координацијата меѓу различните институции

Фатмир Битиќи за ЦИВИЛ Медиа изјави дека одвојувањето на енергетиката од економијата би значело: „непотребни компликации во координацијата меѓу различните институции. Наместо да се подобри ефикасноста, ќе се создадат нови слоеви на администрација кои ќе го забават процесот на донесување одлуки и спроведување на политики“.

Колку ќе чини во буџетска, административна и политичка смисла одвојувањето на туризмот од економијата, допрва ќе се види. Како и за останатите реформски одлуки на Мицкоски и партнерите.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаВМРО-ДПМНЕКУЛТУРАминистерствотруизам
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ