ЗОРАН ИВАНОВ
На патриотите, оние лажните, преварантите, и на оние другите, умислените, од изборите мајски наваму, им требаше само 40 дена инкубација од “Републиканци” да метаморфозираат во “Северџанци”, да голтнат и полжави лигави и жаби крастави, да ги испоголтаат и кнедлите и на политичарите финтаџии и на политичарине митаџии па, кажано и во оваа една реченица, во Македонија дефинитивно изборите се добиваат на лаги, а не на програми – докажано.