• Latest
Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити на свечениот прием по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Фото: Влада на Република Северна Македонија/ Фејсбук

И по 24 години од потпишувањето, Рамковниот договор се користи за потпалување на националистичките страсти пред изборите

August 13, 2025

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

И по 24 години од потпишувањето, Рамковниот договор се користи за потпалување на националистичките страсти пред изборите

August 13, 2025 14:13
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити на свечениот прием по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Фото: Влада на Република Северна Македонија/ Фејсбук

Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити на свечениот прием по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Фото: Влада на Република Северна Македонија/ Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

И по  24 години од потпишувањето, Охридскиот рамковен договор останува да биде камен на сопнување за меѓуетничките односи и соживотот во Северна Македонија. Негативните коментари и потпалувачки наративи особено добиваат на гласност за време на (пред) изборните кампањи, како што е случајот и сега, пред почетокот на кампањата за локалните избори закажани за 19 октомври.

Изјавите на политичарите, засилени со коментарите на социјалните мрежи добиваат на интензитет. Не поминува ниту најмала ситница искажана од политичките чинители во земјава, а истата да не биде поврзана со претстојните избори, за „билдање“ на рејтингот на сопствениот кандидат, и оцрнување на претставникот на спротивниот табор.

Последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити, кои претходеа на одбележувањето на 24 годишнината од Охридскиот рамковен договор, во однос на улогата на УЧК првенствено во Северна Македонија, укажуваат на етничка поларизација, овој пат во самиот врв на државната извршна власт.

Повод беше оценката на вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, висок функционер на коалицијата ВЛЕН, дека војната на Ослободителната војска на Косово (УЧК) во Косово и Македонија била „праведна и разумна“, и реакцијата на премиерот Мицкоски, кој во одговор на новинарско прашање, сосема спротивставена на неговиот коалиционен партнер и вицепремиер во владата, порача дека не може да биде „разумна и праведна“ војната во која, како што рече, „кукавички, од заседа, се убиени припадници на безбедносните сили“, по што следеше лавина негативни коментари и говор на омраза по етничка и партиска основа на социјалните мрежи.

Премиерот и вицепремиерот продолжија како ништо да не се случило, додека заедно присуствуваа на свечениот прием организиран по повод одбележувањето на 24 години од потпишувањето на Рамковниот договор, од каде во своите изјави ги повторија флоскулите  дека Рамковниот договор претставува трајна обврска за градење општество засновано на еднаквост, доверба и европски вредности, оставајќи ги нивните поддржувачи да се „препукуваат“ преку социјалните мрежи со денови потоа, подгревајќи го огнот на меѓуетничката нетрпеливост.

И сето ова уште пред официјалниот почеток на изборната кампања, што само наговестува жестока (националистичка) реторика во борбата за глас повеќе на локалните избори.

Да потсетиме, со Охридскиот рамковен договор беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.  Договорот беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

Но, по се изгледа дека и по 24 години, речиси четвртина век по потпишувањето на Рамковниот, македонското општество покажува неподготвеност за соочување со минатото, оставајќи доволно простор за злоупотреба на политичарите во нивните „хушкачки“ говори за потпалување на националистичките страсти, со кои ќе го „хранат“ народот во нивните изборни кампањи. .


Тестот е личен став на Авторот
Tags: 24 години Охридски рамковен договорговор на омразаизборна кампањаИзет МеџитинационализамХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ