• Latest

24 ЧАСА: Премиерот Мицкоски се фати за лопата; Агелер со честитка до новата влада; Зеленски нареди чистка во Националната гарда по откривањето на плановите за атентати

June 24, 2024
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Премиерот Мицкоски се фати за лопата; Агелер со честитка до новата влада; Зеленски нареди чистка во Националната гарда по откривањето на плановите за атентати

June 24, 2024 17:01
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Премиерот Мицкоски почна со работа 

„Ќе ги почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија“, рече Мицкоски. Со заклетва со уставното име, Мицкоски го започна четиригодишниот мандат.

Премиерското место го презеде од доскорешниот технички премиер Талат Џафери со кого си подадоа рака, но средбата продолжи зад затворени врати. Средбата со Џафери беше куса, зашто премиерот беше со набиена агенда. Мицкоски се упати кон Штип на камен-темелник за спортски центар, а веднаш потоа со коалицискиот партнер од „Вреди“ и министер за здравство Арбен Таравари го посети објектот во изградба на штипската болница. Мицкоски најави дека Владата ќе функционира како тим, а граѓаните ќе бидат горди.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Честитки за формирањето на новата влада. Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економијата, енергетиката и развојот на инфраструктурата, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат, стои во честитката на амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Анџела Агелер.

РЕГИОН

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман денеска во Луксембург изјави дека Западен Балкан треба да се фокусира на решавање на отворените прашања и негување добрососедски односи во согласност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

СВЕТ

Претседателот Володимир Зеленски му порача на шефот на украинската национална гарда да ги исчисти своите редови од оние кои ја дискредитираат откако двајца членови на гардата беа обвинети за заговор за атентат на нивни претпоставени.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Огромната моќ што сега ја имаат Мицкоски и неговата партија не остава простор за оправданија за сѐ што претстои. Но дали е така? ВМРО има „несоборливи аргументи“ да ги оправдаат неуспесите што претстојат. Тие се безброј пати повторени. СДСМ и ДУИ оставија пустош, ја ограбија државата, ја уништија иднината. Затоа, мора сѐ да почне одново. Не можеме да продолжиме со ЕУ интеграциите со вакви институции. Европа ќе почека. Се разбира, и во составот на владата има една боксерска вреќа: Албанците од коалицијата ВЛЕН. Така што, нема потреба од загриженост. Сѐ е подготвено „нашата земја“ да јурне со полна пареа – назад, кон минатото“, пишува Џабир Дерала во колумната „Нека ни е со среќа: Можеби бројот 13 за некои е баксузен, но за Мицкоски сигурно е среќен број“.

*

„Мицкоски и неговата партија дојдоа на власт со големи ветувања. Уште пред да седне на премиерската фотелја истакнува дека „состојбата е лоша„. Но, токму затоа што не е добра му дадоа доверба. И во иднина граѓаните нема да го прифаќаат изговорот дека има последици од поранешната власт. Како што немаа толеранција кон апологијата на социјалдемократите дека „виновен за кризата е режимот на Груевски и узурпација на државните институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ„.

Очекувања од новата влада се преголеми. Плуралистичката историја докажува дека ако не остваруваат ветувањата, разочарувањето може да биде исто така големо“, пишува Сефер Тахири во колумната „Влада на големите очекувања“.

Д. Муратов

Фото од Фејсбук профилот на Христијан Мицкоски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ